Среда, 06 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Киријак Шкуртов

Киријак Христов Шкуртов (1872 - 1965) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација (МРО) во Костурско. Учествувал во Илинденското востание, а по поразот на востанието се префрлил во Грција и ја одбил понудата да се приклучи на грчкото андртско движење. Во 1904 година станал војвода на чета и водел низа борби со турски воени потери и грчки андртски чети. По балканските војни, Шкуртов, наречен Сулејман бег, бил уапсен пд нововоспоставената грчка власт и одлежал во Солунскиот затвор од една година. Откако бил ослободен емигрирал во Бугарија, каде бил активен во Илинденската организација.

Кирјак Христов Шкуртов е роден во 1872 година во Костурското село Старичани, Егејскиот дел на Македонија. Завршил грчка гимназија, а потоа работел како грчки учител. Под влијание на македонскиот револуционер Георги Христов, Шкартов влегол во Македонската револуционерна организација и станал еден од првите дејци на Организацијата во неговиот роден крај.

Во 1903 година, за време на Илинденското востание, Кирјак Шкуртов учествувал во повеќе битки меѓу кои: во битката кај селото Вишени, потоа при освојувањето на Клисура, во походот на Колоња и т.н. По востанието, заедно со своите другари, се префрлил во Грција, каде што првично биле уапсени, а подоцна ослободени при што им било понудено од страна на Грчкиот комитет да се приклучат на грчката вооружена пропаганда.

Кирјак Шкуртов и неговите другари на ваквото барање на Грчкиот комитет да се приклучат на андартите одговориле: "Ние се согласуваме, но да работиме за автономна Македонија - против турската тиранија ....“

На почетокот на 1904 година, и покрај обидите на грчката и турската власт повторно да бидат уапсени, Шкуртов се вратил во Костурско и станал секретар на војводата Костандо Живков - Желегоцки. Во наредните месеци учествувал во обновувањето на разорената мрежа на Организација, а по смртта на војводата Костандо во септември 1904 година, Шкуртов станал војвода на Костурската чета. Во наредниот период водел низа борби со турски воени потери и грчки андртски чети. Во борбата со андартите учествувал во вкупно 22 битки вклучувајќи ја и одбраната на селата Осничани, Езерец и Старичани.

Освен што учествувал во битките, Шкуртов од името на "македонските револуционери" водел и кореспонденција со андартски главатари во која ги укорувал за нивниот сојуз со османлиските власти и за нивните дејства против Македонската револуционерна организација.

Во јануари 1905 година, во писмо до жителите на неколку грчки села, во името на "македонските револуционери", а потпишано и од името на веќе загинатиот Костандо Живков, Шкуртов, ќе напише: "Ние се бориме да извојуваат слободата на сите народности кои ја населуваат ... Македонија, без разлика дали тие се Бугари Грци или Власи, бидејќи сите сме под иста тиранија.“

На крајот на март 1906 година, заболен при одбраната на Старичани од андартски напад на 23 и 24 декември 1905 година, заминал на лекување во Бугарија, при што бил заменет од Тома Желински.

По Младотурската револуција во 1908 година, Шкуртов се вратил во Костурско. Тој работел како егзархиски учител во Старичани до Првата балканска војна во 1912 година.

Во јануари 1913 година, новите грчки власти го уапсиле Шкуртов заедно со егзархискиот архиерејски намесник во Хрупишта Атанас Шишков и како непоправливи националисти преку Кожани и Бер ги испратиле во затворот Еди куле во Солун. На 25 јули, воен суд ги осудил на седум години затвор, но Шкуртов одлежал само нешто повеќе од една година.

Откако бил ослободен по амнестијата на 15 март 1914 година, Шкуртов емигрирал во Бугарија. По Првата светска војна, Шкуртов живеел во Пловдив каде што работел како службеник. Во 1920-тите активно се вклучил во организацијата Илинден, соработувајќи со нејзиониот орган, списанието „Илустрација Илинден“, во кое ги објавувал и своите спомени.

Кирјак Христов Шкуртов починал во Пловдив во 1965 година.

K Shkurtov-Deklaracija

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.