Среда, 11 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Димитар Тодев

Dimitar Todev

Димитар Лазаров Тодев (16. VI 1873 – 16. III 1952) e македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Познат како Минѓо или Минџо Тодев, бил учесник во аферата Мис Стоун, Илинденското востание, Првата балканска војна и Првата светска војна. За време на Илинденското востание 1903г. заедно со Костадин Молеров и Антон Шипков бил во Горскиот штаб, кој ги раководел воените дејства во Разлошко.

Димитар Тодев е роден на 16 јуни 1873 година во разлошкото село Банско, во трговско семејство. Потекнува од патриотско семејство, од големиот бански род на Тодеви. Неговиот татко Лазар Николов Тодев по Руско-турската војна, учествувал во Македонското (кресненско) востание (1878 - 1879 година).

Димитар Тодев прво се образува во родното место, а потоа завршува V класа на машката гимназија во Солун, каде што соученик му бил Гоце Делчев. Од есента 1891 година тој учителствува една година во своето родно село, а потоа бил ангажиран во трговијата со дрва.

Во 1896 година Делчев станува главен учител во Банско и формира револуционерен комитет.  Тодев кој влегува во Македонската револуционерна организација, бил поставен за прв претседател на револуционерен комитет и раководи  со Разлошкиот околиски комитет. На оваа позиција останал до 1903 година.

Во 1901 година, Тодев учествувал во аферата Мис Стоун. За вмешаност во аферата тој е уапсен од страна на властите и сурово мачен. По ослободувањето, тој заминал во Бугарија, а во Македонија се вратил во предвечерието на Илинденското востание.

Во јули 1903 година, Тодев се вратил во Банско. Во овој период во Разлошко биле преземени најобемните подготовки за востанието. По Серскиот окружен конгрес, тука бил одржан Околиски конгрес на кој имало делегати од Банско, Мехомија и од селата Бачево, Годлево, Добриниште, Белица, Јакоруда, Бања, Елешница, Горно и Долно Драглиште и други.  Тогаш Разлошко располагало со значајни чети и војводи. Тука биле: Борис Голев, Родон Тодев, Тасе Фурнаџиев, Костадин Колчагов, Саве Мехомиски, Милош Колчагов, Симеон Молеров, Георги Галев, Јонко Вапцаров, Костадин Молеров и Димитар Лазаров Тодев - Минѓов.

Димитар Тодев бил делегат од Разлошко регион на конгресот на Серскиот револуционерен округ, на кој е изработен план за востаничките дејства. За време на Илинденското востание, во текот на летото на 1903 година, заедно со Костадин Молеров и Антон Шипков бил во горскиот штаб, кој ги раководел воените дејства во Разлошко.

На чело на голема чета Тодев се борел со Турците во месноста Суходол крај Банско. По поразот на востанието, тој се повлекол во Бугарија.

Димитар Лазарев Тодев зел учество во Првата балканска војна во 1912 година. Тој се борел како доброволец во чета на 3 Солунска дружина на Македонско-одринското ополчение. За покажаната храброст тој е носител на крстот "За храброст" IV степен.

Исто така, тој учествувал и во Првата светска војна.

По војните Тодев живее во Пазарџик, а од 1924 година во Софија, каде се занимава со трговија.

Димитар Тодев починал на 16 март 1952 година во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.