Среда, 22 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Борис Арсов

boris-arsovБорис Арсов (1906 - 1954) е македонски социолог, универзитетски професор и член на АСНОМ. Студирал во Франција и се стекнал со две дипломи: по право и филозофија, Во 1936 година на Сорбона во Париз ја одбранил докторската теза: „La vie economique de la Macédoine au XIX siècle“. Во периодот 1937 и 1938 година, со група интелектуалци го издавал списанието „Луч“ во Скопје и бил негов уредник. Се вклучил во НОБ од самиот нејзин почеток. Во ноември 1944 година станал член на Законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ, а во јануари 1945 бил наменуван за помошник-повереник за судството во Македонија.

Борис Арсов е роден во 1906 година во Крива Паланка. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Куманово. Во текот на 1926 година заминал на студии на Универзитетот во Монпелје, Франција, каде што студирал право и филозофија. Тој се стекнал две дипломи, за завршен правен факултет и за филозофија.

Во 1936 година, на Сорбона во Париз, Борис Арсов ја одбранил докторската теза „Економскиот живот во Македонија во XIX век“ или на француски „La vie economique de la Macédoine au XIX siècle“. Неговиот труд се темели на бројни документи, ракописи и теренски истражувања и го опфаќа економскиот живот на Македонија во рамките на Отоманската империја, пред поделбата на земјата. Оцој труд на Арсов бил објавен од МАНУ во 2000 година.

По стекнувањето со докторска титула, Борис Арсов се вратил во Македонија. Во Скопје тој се поврзал со прврзаниците на автономна Македонија и во периодот 1937 и 1938 година со група интелектуалци го издавал месечното списание за култура, економија и социјални прашања „Луч“ и бил негов уредник. Пишувајќи на овие теми, Б. Арсов станал првиот македонски автор кој што пишувал социолошки трудови во 30-тите години од минатиот век.

Во строго доверливиот извештај од 12 ноември 1937 година, кој од Скопје го испраќа до Началникот на одделението за средношколска настава при министерството за просвета во Белград. началникот на просветното одделение на Вардарска Бановина Љуб. М. Алексиќ, за луѓето кои го издавале списанието „Луч“ меѓудругото ќе напише:

Управата на полицијата во Скопје обрнала внимание и установила дека Ѓорѓи Киселинов како бивш бугарски воспитаник собрал околу себе група на изразити приврзаници на автономна Македонија и со нив почнал да го издава списанието „Луч“, со цел да се подига и поддржува автономистичкиот дух кај овдешното население, и дека средствата за издавањето и издржувањето на овој лист ги осигурил по пат на прилози од граѓаните, исто така приврзаници на автономна Македонија.“

Во текот на Втората светска војна, Борис Арсов се вклучил во Народноослободителната борба од самиот нејзин почеток. На почетокот на септември 1944 година Президиумот на АСНОМ го кооптира Арсов за член на АСНОМ. Во ноември 1944 година, тој станал член на Законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ, а  во јануари 1945 година бил наменуван е за помошник-повереник за судството во Македонија.

Во 1953 година бил избран за професор на Правно-економскиот факултет во Скопје. Во наредната 1954 година, Борис Арсов починал во Скопје.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.