Среда, 05 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Никола Алтипармаков

Nikola Altapamarkov IMAROНикола Вељанов Алтипармаков (1873 - 1953) е македонски револуционер, член на Битолскиот окружен комитет на Македонската револуционерна организација. Како организатор и позадинец, Никола зема активно учество во ослободувањето на Македонија.

Никола Алтипармаков е роден во 1873 година во битолското село Доленци, во револуционерното семејство на Вељан и Трена Алтипармакови. Неговите браќа Христо и Илија, исто така ќе станат членови на Македонската револуционерна организација (МРО), а нивниот роднина, Михаил Алтипамарков, редовно префрла пари за целите на МРО.

Во 1890 година, Никола Алтипармаков заминал за Варна, Бугарија, каде подоцна влегол во редовите на Македонскиот комитет. Во Варна, тој бил заколнат од Трајко Китанчев и од тогаш зема активно учество за ослободување на Македонија. 

Истата година Никола Алтипармаков бил испратен во Романија да собира парични помош од како што вели „нашите Македонци“. Но, тој бил уапсен од тамошните власти и по три месеци поминати во романски затвор, бил екстрадиран во Бугарија.

Во 1894 година бил назначен за учител во битолската егзархиска класична гимназија. Привлечен од Дамјан Груев и заколнат од Атанас Лозанчев, Никола станал член на Македонската револуционерна организација.

Македонскиот свештеник и револуционер Тома Николов за него пишува: „Од учителите најголема преданост и дејност кон делото пројавија Анастас Лозанчев, Георги Поп Христов, Неделко Дамјанов, Христо Чемков, Александар Ефтимов, Лука Џеров, Евгени Попсименов и Колјо Алпапараков, со прекар Улоо Турче ...“

Тој стана градски раководител и член на Судскиот комисија при Окружниот револуционерен комитет во Битола.

Во 1897 година Никола Алтипармаков бил уапсен и осуден на три години затвор. Потоа, во 1902 година тој учествувал во Горноџумајско востание, за да наредната година повторно се врати во Битола.

На 20 март 1903 година, Алтпармаков се вратил во Битола. За време на Илинденското востание, Никола Алтипармаков заедно со Арнаутов и Чачков бил член на Битолското началство и бил активен како позадинец.

Во 1904 година Никола Алтипармаков повторно бил уапсен од турската власт и осуден на смрт, но по една година бил амнестиран.

Тој беше амнестира и по Младотурската револуција во 1908 година, но во 1909 година пак бил уапсен и лежел седум месеци во Битолскиот затвор.

Никола Алтипармаков лежи во затвор и по балканските војни. Во 1915 година бил уапсен од српските власти и одлежал 2 години затвор. Повторно, бил уапсен од српската власт во 1919 година и бил осуден на 2 години затвор. Од српските власти бил протеран во Бугарија.

Во 1926 година, Алтипараков бил избран за член на битолското околиско началство на ВМРО заедно со Симеон Сагриев и Ташко Арсов.

По окупацијата на Вардарска Македонија и влегувањето на бугарската армија во 1941 година, Никола Алтипармаков се вратил во Битола, каде починал во 1953 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.