Среда, 19 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Димитар Антонов

Istorija

Димитар Антонов (1889 – 28. XII 1948) е македонски и советски револуционер, дипломат. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Заминува во Русија за дообразование и се дружи со членовите на Македонската колонија во Петроград. Познат под псевдонимот Михаил, М. А. Пирин, тој учествува во Октомвриската револуција во заземањето на зимскиот царски дворец. Пред Втората светска војна бил комесар на Црвената армија, а по војната бил претседател на Меѓусојузничката комисија во Будимпешта, а потоа во Прага. Погребан е во алејата на великаните на Револуцијата.

Димитар Сотиров Антонов или Михаил Антонов е роден 1889 година во градот Неврокоп, Пиринскиот дел на Македонија. Потекнува од македонско револуционерно семејство. По завршувањето на средното образование учителствувал во родниот крај.

Непосредно пред Балканските војни Димитар Антонов заминал во Русија за дообразование и таму се дружел со членовите на Македонската колонија во Петроград.

По избувнувањето на Првата балканска војна, Антонов се вратил во Македонија и како доброволец влегол во 4 единица на солунската дружина на Македонско-одринските доброволни чети. Во јули 1913 година бил ранет, за што добил орден „За храброст“ IV степен.

За време на Балканските војни Димитар Антонов се запознал со идеите на бугарските тесни социјалисти. По Балканските војни тој се вратил во Петроград. Таму во летото 1917 година, заедно со бугаринот Сава Чукалов (1889-1971)  ја издал брошурата „Ленин и Плеханов“.

Димитар Антонов за време на Октомвриската револуција учествувал во заземањето на зимскиот царски дворец.

Во текот на револуцијата тој бил началник на стражата на Ленин и го придружувал од Москва до Петроград, каде Ленин присуствувал на Вториот конгрес на Коминтерната.

По револуцијата Димитар Антонов учествувал во отворањето на болницата во Петроград и бил назначен за раководител на Петроградската воено-санитарна област. Таму е во група со други македонски комунисти како што се Владимир Каваев, Елена Каваева и Антон Мирчев.

Во јануари 1918 година учествувал во формирањето на групата на јужнословенски комунисти и подоцна бил избран за нејзин потпретседател. Одржал говор на вториот голем интернационален митинг на 19 декември 1918 година, кој бил организиран од Максим Горки. Сите говори од овој митинг биле испечатени во книга под наслов „Советска Русија и народите на светот“.

Подоцна тој влегува во редовите на Црвената армија. Од 1924 до 1925 година бил комесар на Црвената армија и стигнува до чинот генерал полковник.

По војната бил претседател на Меѓусојузничката комисија во Будимпешта, а потоа во Прага.

Димитар Антонов умира на 28 декември 1948 година во Москва. Погребан е во алејата на великаните на Револуцијата.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.