Четврток, 15 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Иван Козарев

Kozarov

Иван Козарев – Балкан (5. IV 1901 – 1. IV 1944) е првиот партизан во Македонија и на Балканот. Тој бил еден од најактивните членови на ВМРО(Об). Во 1935 година бил уапсен и осуден на 5 години затвор. По излегувањето од затвор во 1939 година учествувал на Конференцијата на која било решено да се создадат канали за поврзување на македонското националноослободително движење на поделена Македонија. Бил борец на првите партизански чети во Пиринскиот крај, а потоа командир на чета на Разлошкиот ПО „Никола Парапунов“. Трагично загинал во близина на родното село.

Иван Козарев е роден на 5 април 1901 годиона во село Добриниште, Разлошко. Завршил прогимназија во родното место. Станал член на БРП (т.с.) и учествувал во востанието во септември 1923 година во Разлошко.

По основањето на ВМРО (обединета), во 1925 година, тој станал нејзин член. Како еден од најактивните членови на ВМРО (об), поради својата активност, Иван Козарев постојано бил следен и апсен.

Прогонуван од четниците на Иван Михајлов, Иван Козарев илегално живеел во Софија, Сливен, Пловдив и др. Во 1935 година, по извршено предавство, тој бил уапсен и осуден на 5 години затвор. Во затворот каде останал до 1938 година, тој посебно внимание му посветил на самообразованието во што му помагал Никола Парапунов, негов подоцнежен соборец во борбата против фашистичките сили.

По излегувањето од затвор, во 1939 година Козарев учествувал на Конференцијата на која било решено да се создадат канали за поврзување на македонското националноослободително движење на поделена Македонија.

Иван Козарев живее во илегала од 7 фебруари 1941 година, а првиот оружен судир со бугарската полиција станал на 26 јуни 1941 година. На тој ден, во близина на изградениот од него рибник во месноста „Струго“ над Добриништа, при обид да биде уапсен од група полицајци, Козарев убива двајца од нив и со тоа започнало партизанско движење не само во Пиринска Македонија и Бугарија, но и на Балканот. Тоа се случува четири дена по почетокот на војната Германија против Советскиот Сојуз и два дена по решението од БРП (к) за вооружена борба.

Иван Козарев бил борец на првите партизански чети во Пиринскиот крај, а потоа командир на чета на Разлошкиот ПО „Никола Парапунов“. Имено, на 26 јули 1941 година, заедно со Никола Парапунов ја создава во околината на Разлог првата партизанска чета во Пиринска Македонија и Бугарија.

Иван Козарев го прифатил партизанско име Балкан. Тој бил прочуен не само како добар стрелец, туку и по својата ладнокрвност и храброст при разни опасни ситуации. Овие особини го прославиле низ Разлошко. Бил поставен за командант на чета при партизански одред "Никола Парапунов".

Иван Козарев кој многупати бил осудуван на смрт (во отсуство), загинал при чудни околностите во текот на ноќта на 31 март спроти 1 април 1944 година во близина на своето родно село Добриништа. Имено, трагично загинал од куршум на близок пријател и јатак Александар Пицин од Банско, во близина на родното село.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.