Среда, 28 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Антон Панов

APanov

Антон Панов (13. IV 1906 - 28. VIII 1968) е македонски драмски писател, поет, раскажувач. Тој е еден од најзначајните македонски драмски писатели меѓу двете светски војни. Највисок дострел доживеал со изведбата на драмата Печалбари во 1936 година, која, покрај во Скопското народно позориште, била изведена во Белград и во други градови.

Антон Панов е роден на 13 април 1906 година во Стар Дојран. Татко му Ѓуро бил ситен трговец на риба, но и активен деец на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание кога нејзините членови биле апсени и испраќани на заточение, така и таткото на Антон Панов бил затворен и испратен на заточение во Беаз - Куле во Солун.  

Антон од татко му ја наследил гордоста и борбеноста, а од мајка му Руша (Марушка) и баба му Ката уметничката дарба. Основното училиште тој го започнал во Дојран, а го завршил во Струмица, каде неговото семејство се преселило во текот на Првата светска војна, бидејќи нивната куќа била целосно разрушена. Уште како ученик по Првата светска војна започна да пишува поезија, а подоцна и проза.  Од овој период е и неговиот незавршен роман „Живи гробови“. 

Во 1923 година неговите родители се преселуваат во Белград, каде Антон го продолжува гимназиското образование во 3-та машка гимназија. Поради спор со еден од професорите, ја напушта гимназијата и приватно ги полага испитите. 

Антон Панов додека бил во гимназијата, паралелно го посетувал Музичкото училиште, каде учел виолина и соло пеење. На 17 години останал сирак и откако го прекинал гимназиското школување работел како хорист во Белградската опера. Соочувајќи се со тешкиот печалбарски живот, тој го добил инспирација за драмата  „Печалбари“. 

Во 1933 година тој ќе ја предаде драмата на Народниот театар во Белград, но тие не биле заинтересирани и ја одбиле иако тамошниот режисер сакал да ја прифати. Кога режисерот ќе премине на работа во Скопскиот театар, ќе ја побара драмата. Премиерата се одржала на 3 март 1936 година во Скопје. Драмата е прикажана во многу театри, вклучувајќи ги Скопје, Ниш Белград и многу други градови. По театарската сезона, Панов отишол во Петроварадин каде се оженил.  

Во македонската книжевност Антон Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета. Тој бил член на списанието "Луч", во кое ја објавил својата драма "Печалбари", напишана на македонски јазик. Во "Луч" Панов објавува и песни на македонски јазик. Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност.

Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.

За време на Втората светска војна Панов работи во Софискиот театар како помошник-режисер. Мешутоа иткако сфатил дека бил искористен за политички цели, тој разочаран ќе се повлече во Дојран каде уште претходно направил воденица со идеја да прави мало стопанство.

По војната сметал дека треба да има водечки збор во тукушто оформениот Македонски народен театар, а кога во тоа не успеал, решил да ја напушти Македонија. Отишол во Петроварадин, каде живеел до смртта на жена си во 1957 година. Се вратил во Скопје, каде по вторпат се оженил.

Во 1967 година, Амтон Панов ќе ја добие наградата 11 Октомври — за животно дело, а веќе наредната година го напуштил земниот живот.

Антон Панов умира на 28 август 1968 година во Струмица, каде е и погребан. 

Во текот на својот живот Антон Панов напишал повеќе дела: „Роденденот на Серјожа Јегоркин“ (расказ, 1928), „Тимка“ (расказ, 1930), „Го јаделе болви“ (расказ, 1930), „Печалбари“ (драма, 1936),  „Стега / Вероника“ (драма, 1939), „Препородени“ (драма, 1950), „Самракот“ (драма, 1951), „Градинар“ (драма, 1958), „Пиликатник“ (драма, 1959).

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.