Среда, 12 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Иван Катарџиев

kantardievИван Катарџиев 

Иван Катарџиев (6. I 1926 - 1. XII 2018) е македонски историчар и политичар. Тој е еден основоположниците на македонската историска наука и еден од највидните македонски историчари. Имал посебен интерес за минатото на македонскиот народ во XIX и XX век, како и за историјата на национално-ослободително движење и борбата за слобода и самостојност на македонскиот народ. Се смета за специјалист по прашањето на Македонската револуционерна организација и револуционерните борби на Македонците. Автор е на над 30 монографии и зборници на документи. Во 2003 година станал редовен член на МАНУ.  

Иван Катарџиев е роден на 6 јануар 1926 година во село Плоски, Светиврачко (Санданско), Пиринскиот дел на Македонија. Основно образование завршил во родното село, а потоа учел во Свети Врач (денес Сандански), каде завршил гимназија.  

По Втората светска војна, во рамките на проектот за создацањето на културна автономија на Пиринска Македонија, Катарџиев со група младинци бил испратен од Бугарија на студии во Скопје во 1946 година.  

Во учебната 1948/49 година тој ги продолжил своите студии на Универзитетот во Загреб каде го посетувал и курсот по старословенска филологија. Поради Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 година тој бил принуден да се врати во Скопје, каде ги продожил своите студии

Тој е еден од студентите во Скопје кои ја потпишал декларацијата против решенијата на 16 пленум на ЦК на БРП (к) од јули 1948 година со кои во пракса се прекинала културната автонимија во Пиринскиот дел на Македонија. По заладувањето на односите меѓу Југославија и Бугарија, тој останал да живее во Скопје, Македонија. 

Во 1951 година, Иван Катарџиев дипломирал на Универзитетот во Скопје на Филозофскиот факултет - Група историја. Од 1951 до 1953 година работел како  професор во Гимназијата „Ј. Б. Тито“ во Скопје, а од 1953 до 1967 година работи во Институтот за национална историја (ИНИ), прво како асистент, потоа како стручен соработник од 1956 година, па виш стручен соработник од 1959 година.  

Во 1959 година, по докторирањето на темата „Серската област (1780–1879), економски, политички и културни преглед“,  Катарџиев бил избран за научен соработник, потоа виш научен соработник во 1965 година, а подоцна е избран и за научен советник во 1973 година. Од 1973 до 1978 година бил директор на НУБ „Свети Климент Охридски“, 

Во меѓувреме, во 1961/62 година како стипендист на француската влада Иван Катарџиев престојувал во Париз каде посетувал предавања на Сорбона и работел во Архивот на Министерството за надворешни работи на Франција.

Покрај научната работа Иван Катарџиев бил општествено активен. Во богатата општествено-политичка активност, меѓудругото бил член на Општинскиот комитет на СКМ на Општината Кале во Скопје, претседател на Сојузот на друштвата на историчарите на Македонија, член на Советот на Институтот за национална историја, претседател на Комисијата на ЦК на СКМ за меѓународни односи и соработка со работничките и другите прогресивни движења, претседател на Матицата на иселениците, пратеник во Републичкото собрание и во Соборот на народите на Сојузното собрание и одново член на Извршниот совет на СРМ.

Иван Катарџиев е автор е на над 30 монографии и зборници на документи. Член е на редакцијата на тритомната Историја на македонскиот народ (1969) и автор на втората книга, член на редакцијата и автор на кратката верзија на Историјата на македонскиот народ (1976) објавена и на неколку странски јазици, член на редакцијата на петтомната историја на македонскиот народ и автор на четвртиот том. За заслугите во областа на историските науки добитник е на следниве наградии: „11 Октомври“ (1968), „11 Октомври“ за животно дело (1988), „13 Ноември“ (1978), „Гоце Делчев“ за колетивен труд (1985), „Гоце Делчев“ за самостоен труд (1987), како и на следниве одликувања: Орден на трудот со златен венец, Орден на трудот со црвено знаме и Орден заслуги за народ со златна ѕвезда. 

По осамостојувањето на РМ, Иван Катарџиев бил член на ЦО на СДСМ.  На 27 мај 2003 година бил избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) 

Иван Катарџиев почина на 1 декември 2018 година во Скопје. 

(извор: МЕ, Скопје, 2009)

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.