Среда, 02 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Горан Стефановски

goranГоран Стефановски

Горан Стефановски (27. IV 1952 – 27. XI 2018) е македонски драмски автор, универзитетски професор и академик. Претставник е на модерната македонска драматургија и еден од најзначајните и најизведувани македонски драмски автори воопшто. Автор е на сценарија за ТВ серии, ТВ филмови и драми. Драмските дијалози во неговите дела и по 30 години ја отсликуват актуелната стварност во Македонија.

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Завршил студии по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Дипломирал во 1974 година со награда за најдобар студент во генерацијата.

Во меѓувреме, студирал и драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград (1972-1973). Во периодот од 1975 до 1977 бил на постдипломски студии на Универзитетот во Белград – на Филолошки факултет, книжевни студии. Во 1979 година ja одбранил магистерска теза со наслов „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.

Од 1974 до 1978 година, Горан Стефановски работи како драматург во драмската редакција на ТВ Скопје. Тој работи на ТВ сценарија, уредување и адаптација на бројни драми, како и во продукција и пост-продукција.

Од 1978 до 1986 година, Стефановски работи како асистент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1986 до 1998 година, тој е редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметност во Скопје.

Во 1990 година, во летниот семестар, Горан Стефановски работи на Универзитетот Браун во Провиденс, Род Ајленд, САД со Фулбрајтова стипендија за истакнат уметник. Во периодот од 1998 до 2000 година тој е визитинг професор по драматургија на Драмскиот институт во Стокхолм, Шведска, а од 2000 година е хонорарен професор по драматургија на Универзитетот во Кент и на Крајст Черч колеџот во Кентербери, Велика Британија.

Горан Стефановски кој е претставник на модерната македонска драматургија и еден од најзначајните и најизведувани македонски драмски автори воопшто, бил избран за член на МАНУ надвор од работниот состав во 2004 година.. Тој е автор на сценарија за ТВ серии, ТВ филмови и драми, како и на сценаријата за играни филмови.

Во литературата дебитира со ТВ играта „Клинч“ во 1974 година. Оттогаш се пројавува воглавно во драмската уметност како плоден и атрактивен автор, врзувајќи го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија, како: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

Во јавноста станал познат со драмата „Диво месо“ (1979 година), за првпат е изведена на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во режија на Слободан Унковски, кон крајот од декември 1979 година. По „Диво месо“ следеа – „Лет во место“ (деама - 1981), „Хи-Фи“ (драма - 1982), „Дупло дно“ (драма - 1983), „Бушава азбука“ (ТВ-серија во 31 епизода - 1985), „Тетовирани души“ (драма - 1985), „Црна душка“ (театарска пиеса - 1988), „Лонг плеј“ (рокенрол мистерија - 1988), „Кула вавилонска“ (театарска пиеса - 1990), „Сараево“ (приказни од еден град – 1993), „Старецот со камен околу вратот“ - 1994, „Сега му е мајката“ (фарса -, 1995), „Баханалии“ (1996), „Казабалка“ (1998), „Сите сме луге“ (1998), „Приказни од еден град“ (1999), „Хотел Европа“ (2000) и тн.

Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени (Скопје, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Велес, Охрид, и др.), потоа во сите некогашни југословенски културни центри (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Нови Сад, Ниш, Титоград (Подгорица), итн.), како и во големите театарски центри во светот: Париз, Будимпешта, Лондон, Софија, Москва, во повеќе градови во САД, во Брезно во Словачка, во Лоѓ во Полска, Антверпен во Белгија, Стокхолм итн.

Горан беше автор и на текстови на неколку албуми на прочуената рок група „Леб и сол“, чиј фронтмен беше брат му, гитаристот Влатко Стефановски.

По кратка и тешка болест Горан Стефановски почина на 27 ноември 2018 година во Кантербери, Велика Британија,

(извор: МЕ 2, Скопје, 2009, стр. 1424; http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/горан-стефановски)

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.