Среда, 20 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
Дине Гогов

19Дине Гогов

Дине К. Гогов  (1888 - 1958) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и емигрантски деец во Канада. Учествува во Илинденското востание и во Балканските војни.

Дине Гогов е роден во 1888 година во леринското село Баница, Егејскиот дел на Македонија. Тој бил привлечен во Македонската револуционерна  организација од Ѕоле Стојчев Гергев, Тане Стојчев Кљанџев и Алеко Џорлев. За време на Илинденското востание во летото 1903 година, тој бил курир меѓу четите на Пандил Шишков и Мице Цицков.

По востанието, во 1905 година емигрирал во Америка, но се вратил во 1907 година, и повторно почнал да се занимава со револуционерна активност, станувајќи терорист во Организацијата под раководство на Ѕоле Стојчев.

По Младотурската револуција во 1908 година тој станал легален и во 1909 повторно емигрирал во Америка.

По избивањето на Балканската војна во 1912 година, со голема група Македонци преку Загреб и Белград дошол во Бугарија и се пријавил за доброволец во Македонско-одринското ополчение. Српските власти одбиле да им дадат превоз и тие биле принудени да одат пеш од Белград до Цариброд. Во Саран Бег, Гогов оди во разузнавањето на една од ополченските дружини. Учествувал во ослободувањето на Дедеагач и во битката кај Кешан, во која бил заробен Мехмед Јавер Паша.

Во Втората балканска војна во 1913 година влегува во Здружената партизанска чета на МОО, под команда на Васил Чакаларов и Иван Попов. Учествувал во битката кај Ноти, каде што загинаа 150 Грци. Во Баница тој се разделил со Чекаларов, кој заминал кон југ до Костурско. Четата била предадена и додека се крие во мочуриштата кај Ајтос била разбиена.

Гогов бил заробен и затворен во Лерин, каде бил тепан со пресечената глава на Чакаларов. Потоа бил преместен во Солун, каде е држен на пароброд заедно со Никола Кузинчев, Васил Иванов и Андон Јуруков.

Два месеци подоцна, тие успеале да подмитат човек кој го информирал  рускиот конзул Александар Белаев и по неговата интервенција биле изведени пред лицето на правдата. Гогов бил осуден на смрт, но повторно по интервенцијата на рускиот и италијанскиот конзул, неговата казна била заменета со доживотен затвор. Тој лежел во Еди куле во Солун, потоа во Воениот затвор во Атина и Пиреја. Со застапувањето на рускиот конзул Калјарчев бил ослободен и со романски пароброд пристигнал во Цариград и оттаму со бугарски во Бургас. Се населил во Софија.
Наскоро емигрирал во Канада, каде што учествувал во јавниот живот на македонската емиграција.
Дине К. Гогов  починал во 1958 година во Торонто и бил погребан во гробишта Маунт Плезент.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.