Среда, 06 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Трифун Пановски

9Трифун Пановски

Трифун Пановски (1. II 1912 - 22. VII 1944) е македонски лекар, револуционер. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград. Кратко време работел во Ниш, а потоа во Обласната хигиенска лабораторија во Битола, како началник на Антималаричната служба. За време на Втората светска војна вршел подготовки и обезбедување со санитетски материјал за првиот партизански одред. Бил откриен од окупаторот и интерниран во Бугарија, од каде го мобилизирале како лекар во бугарската армија. На почетокот на 1944 година избегал и им се приклучил на партизаните. Бил главен лекар во Партизанската болница на Кожуф, а потоа бригаден лекар на Првата македонско-косовска бригада.

Трифун Ѓорѓиев Пановски е роден на 1 февруари  1912 година во леринското село Буф, Егејскиот дел на Македонија. Подоцна со родителите се преселил во Битола, каде завршил гимназија во учебната 1933/34 година. По завршувањето на гимназијата, своето образование го продолжил во Белград каде се запишал на Медоцинскиот факултет. Уште за време на студентските денови, Пановски влегол во напредното студентско движење.

По дипломирањето на Медицинскиот факултет во Белград, Трифун Пановски кратко време работел во Ниш, а потоа во Обласната хигиенска лабораторија во Битола, како началник на Антималаричната служба.

Набрзо по окупацијата на Југославија во 1941 година, Пановски се приклучил во Народноослободителната борба (НОБ). Тој започнал да го поддржува народноослободителното движење и за првиот партизански одред собирал лекови, храна, муниција, оружје и друго.

Во крајот на 1941 година, Пановски станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) и веќе на 20 април 1942 година, за време на априлската провала, бил откриен од окупаторот и уапсен. Во недостиг на докази, Пановски бил ослободен и во текот на 1943 година бил интерниран во Бугарија, каде бил мобилизиран како лекар во бугарската армија.

Меѓутоа на почетокот на 1944 година, д-р Трифун Пановски избегал од бугарската армија и им се приклучил на македонските партизани. Тој станал главен лекар во Партизанската болница на Кожуф, а потоа бригаден лекар на Првата македонско-косовска бригада.

Како лекар на Првата македонска бригада, д-р Пановски работел во партизанската болница која ја организирал кај селата Песочани и Ехловец, во подножјето на Караорман и Славеј. Во неа тој ги лекувал тешко ранетите борци, а под негов надзор биле лекувани полесно ранетите борци во своите единици.

Д-р Трифун Пановски поради својата храброст и пожртвуваност бил сакан и почитуван од своите соборци, но набрзо тој загинал од мина кај струшкото село Буринец.

На 22 јуни 1944 година во близина на селото Буринец (Малесија) при едно пробно гаѓање со минофрлач, од ненадејна експлозија бил тешко ранет заедно со командантот на Првата македонска бригада Коле Канински и уште тројца нивни соборци. Иако и самиот бил тешко ранет, Трифун Пановски им помагал на останатите повредени, сè додека сите не им подлегнале на раните.

Д-р Трифун Пановски е патрон на медицинскиот центар во Битола.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.