Среда, 26 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
Петре М. Андреевски

petre-m-andreevskiПетре М. Андреевски

Петре М. Андреевски (25. VI 1934 – 25. IX 2006) е македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Долги години работи како уредник во Македонската радиотелевизија. Од 1964 година е член на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар, a од мај 2000 година член е на МАНУ. Пишува стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Петре М(иланов) Андреевски е роден на 25 јуни 1934 година во селото Слоештица,  Демирхисарско. Основно образование завршил во родното село, а гимназија во Битола. По завршувањето на средното образование студирал на филозовскиот факултет во Скопје на групата југословенска книжевност.

По завршувањето на студиите Андреевски работел во Македонската телевизија. Долги години работи како уредник во МРТВ, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Од 1964 година бил член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а од 1983 година бил и претседател на друштвото. Андреевски бил член и на Македонскиот ПЕН-центар.

Петре М. Андреевски од мај 2000 година е член и на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Своето место во МАНУ тој го заслужи со своето творештво кое е разновидно и опфаќа романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност.

Во текот на неговиот живот и постхумно објавени се стихозбирките: „Јазли“ (1960), „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1975), „Вечна куќа“ (1987), „Лакримариј“ (1999); потоа книгите со раскази: „Седмиот ден“ (1964), „Неверни години“ (1974), „Сите лица на смртта“ (1994), „Боеми“ (постхумно); како и романите: „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997), „Тунел“ (2003), „Бежанци“ (постхумно). Исто така ја објавува книгата драми (1984), во која влегуваат: „Време за пеење“ и „Богунемили“, потоа есејот „Сегашно минато време“ (2006) и има објавено и две збирки стихови за деца (“Шарам барам“ и “Касни порасни“).

Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, исто онака како што збирката “Дениција“ ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Во романот “Пиреј“ Андревски за македонскиот народ ќе каже: „Плeмeто наше е пиреј и не го ништи ни една вojска! Ама ти колку сакаш кошкaj ја, кopни ја, kyби ја, таа пак не умиpa. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи,ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“  

Делата на Петре М. Андреевски се преведени на повеќе јазици (француски, англиски, шпански, романски, јапонски, српски, хрватски и т.н.). Во 1984 и 2002 година биле објавени одбрани дела на Андреевски, во пет и во шест тома.

Андреевски е добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (два пати), „Рациново признание“ (два пати) и „Стале Попов“ (два пати).

Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. Година дена по неговата смрт, на 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија - Бранко Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.