Среда, 03 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Трифун Бузев

11111111111

Македонски учесници во Шпанската граѓанска војна

Трифун Бузев (28. VIII 1889 - 23. VI 1966) е македонски револуционер, учесник во Шпанската граѓанска војна. Бил печалбар во САД. Таму станал активист и раководител во синдикалното движење, а потоа и член на Комунистичката партија на САД (1924). Заедно со други тамошни сонародници од Македонија, заминал за Шпанија (10. I  1937) и станал доброволец во XV интернационална бригада на Републиканската армија. Познат под псевдонимит Трајко; Трпко, учестувал во борбите на 6 фронта, а дури петпати бил рануван (во борбите на Брунети и др.). Добил воен чин поручник, а по ранувањата извршувал санитетски должности. По Ослободувањето дошол да живее во Скопје (јануари 1947).

Трифун Петров Бузев е роден на 28 август 1889 година во Воден, Егејскиот дел на Македонија. Учествувал во македонското револуционерно движење. Во времето на Балканските војни дезертирал од турската армија и преку Солун заминал во САД.

По доаѓањето прво во Кливленд, а потоа во Њујорк, работел како текстилен работник. Активно се вклучил во работничкото движење и станал активист и раководител во синдикалното движење. До 1917 година бил член на Социјалистичката партија на Америка, а потоа на Индустриските работници на светот. Во 1924 година станал член на Комунистичката партија на САД, поради што често бил апсен. Трифун Бузев како комуниста минал во затвори и логори вкупно 6 години и завршил двогодишен курс во партиската школа на КП на САД.   

По започнувањето на Шпанската револуција во летото 1936 година на страната на шпанската републиканска влада застанаа СССР и левичатските поддржувачи од целиот свет. Во одбрана на рапубликанската влада за време на Шпанската граѓанска војна (17.06.1936 – 1.04.1939), која беше нападната од војската и десно-ориентираните формации предводени од Франциско Франко, а поддржани од фашистичките држави Германија на Хитлер и од Италија на Мусолиниа, се вклучија голем број доброволци од цел свет, меѓу кои и голем број Македонци.

На страната на Републиката се бореле 137 Македонци, од сите три дела на поделена Македонија, како и од дијаспората. Помеѓу нив се Алексо Демниевски - Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски, Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Трифун Бузев и др.

Трифун Петров Бузев заедно со други сонародници од Македонија, заминал од САД за Шпанија на 10 јануар 1937 година и станал доброволец во XV интернационална бригада на Републиканската армија. Познат под псевдонимит Трајко Трпко, Бузев учестувал во борбите на 6 фронта, а дури петпати бил рануван (во борбите на Брунети и др.).

Добил воен чин поручник, а по ранувањата извршувал санитетски должности. По завршувањето на војната во 1939 година, Трифун Бузев се повлекува со последните републикански одреди, по што се нашол во логор во Франција, од каде што успеал да избега и се вратил во САД.

По ослободувањето на земјата и завршувањето на Втората светска војна, Трифун дошол да живее во Скопје во јануари 1947 година.

Трифун Бузев починал на  23 јуни 1966 година во Скопје.

Македонски учесници во Шпанската граѓанска војна

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.