Среда, 07 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
Христо Андонов Полјански

171Христо Андонов Полјански

Христо Андонов Полјански (21. IX 1927 - 7. X 1985) е македонски историчар, универзитетски професор и ректор на Универитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1984-1985). Како долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, тој дал голем придонес во создавањето на стручни и наставно-научни кадри. Истражувал во земјата и во странство. Неговото научно дело се состои од над 500 стручни и научни трудови, монографии, научни статии и прилози, рецензии, библиографии, 40 одделни книги  и др.. Голем придонес дал за осветлувањето и за афирмацијата на личноста и делото на Гоце Делчев.

Христо Андонов Полјански е роден на 21 септември 1927 година во Дојран. Основното и средното образование, како и Филозофскиот факултет (Група историја) ги завршил во Скопје. Во 1953 година бил избран за асистент на Катедрата за историја, а во 1958 година докторирал. Веќе наредната 1959 година бил избран за доцент, а во 1966 година станал вонреден професор. Четири години потоа, во 1970 година бил избран за редовен професор по предметот Општа историја на новиот век.

Христо Андонов Полјански бил продекан во периодот од 1960 до 1963 година, потоа шеф на Катедрата за историја од 1971 до 1974 година и од 1974 до 1976 година, како и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во периодот 1984-1985 година.

Како професор Полјански дал голем придонес за создавање стручни и наставно-научни кадри. Покрај предавањето, тој вршел истражувања во земјата и во странство, при што ќе дојде до низа документи од историјата на македонскиот народ.

Дел од оваа архивска документација Полјански ја објавил во одделни зборници на документи, како што се на пример трите тома „Британски документи за историјата на македонскиот народ“.

Покрај предавањето и истражувачката работа, Полјански учествувал на научни собири во земјата и во странство. Неговото научно дело се состои од над 500 стручни и научни трудови, монографии, научни статии и прилози, рецензии, библиографии и др., од нив 40 одделни книги.

Христо Андонов Полјански со повеќе книги дал голем придонес за осветлувањето и за афирмацијата на личноста и делото на Гоце Делчев.

Неговите најважни трудови се: шесте тома за Гоце Делчев, „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“ и „Британските документи за историјата на македонскиот народ“.

Христо Андонов Полјански починал на 7 октомври 1985 година во Скопје.

(извор: МЕ, Скопје, 2009, стр. 57 )

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.