Среда, 25 Септември 2019    PDF Печати Е-пошта
Борис Стојчев

stojcevБорис Стојчев

Борис Стојчев (1. VI 1924 – 15. IV 2010) е физичар, редовен професор на универзитетот во Торонто и негов почесен професор од македонско потекло. Oбјавил над 150 забележани статии поврзани со интеракцијата на светлината и материјата, Рамановата спектроскопија со висока резолуција и нелинеарната оптика. Го направил првиот ласер во Канада и нашол негова примена за истражувачки цели. Од 1972 до 1977 г. бил декан на Факултетот за инженерство во Торонто, потоа претседател на Американското друштво за оптика во 1976 г. и на Канадската асоцијација за физика во 1983/1984 г., како и повеќегодишен член на Научниот совет на Канада и секретар во 1996 г. на Меѓународната асоцијација за чиста и применета физика.

Борис Стојчев е роден на 1 јуни 1924 година во Битола. Неговиот татло Петар Стојчев, родум од село Баница, заминал на печалба во Канада кога Борис имал пет години. Таму работел на железничката пруга и во разни ресторанти. Во 1931 година, кога Борис имал само седум години, целото семејство се преселило во Торонто.

Во текот на образовниот процес, наставниците кои го забележуваат посебниот интерес на Борис за математика, го охрабруваат тој да го продолжи своето образование во таа насока. Под нивно влијание, како и на пријателите, тој се запишал да студира инжинерство и физика на Универзитетот во Торонто.

Во 1947 година, Борис Стојчев дипломирал инжинерска физика. Во 1948 година магистрирал теоретска физика, а во 1950 година докторирал експериментална физика на Универзитетот во Торонто. По докторирањето во 1950 година, Стоичев со помош на стипендија, продолжил да работи на универзитетот, спроведувајќи експерименти со Рамановото распрснување на гасовите со низок притисок.

Додека го испитувал јаглеродниот диоксид со Рамановата спектроскопија, тој се запознал со Артур Шолоу (нобелов лауреат по физика во 1981 г.), со кого работел во областа на ласерската технологија, а подоцна Борис Стојчев работел и со НАСА на вселенскиот проект Аполо.

Исто така, Стојчев присуствувал на семинар на Герхард Херцберг (добитник на Нобелова награда за хемија од 1971 година) и природата на темата толку многу го импресионирала така што Стоичев ги откажал своите планови да студира во Европа и се зафатил да работи за Херцберг во Отава.

Всушност, откако Теодор Мејман ги измислил ласерите во 1960 година, независно од него, Борис Стојчев го направил првиот ласер во Канада и почнал да го користи за истражувачки цели. Во 1963 година, Херцберг го охрабри Стоичев да замине една година од работата, при што Стоичев избра да работи со Чарлс Хард Таунс во Масачусетскиот технолошки институт. Во 1964 година, Стојчев се вратил на Универзитетот во Торонто каде продолжил да работи во областа на спектроскопија.

По 13 години работа во Националниот истражувачки совет во Отава, во 1964 година бил избран за доцент по физика, а во 1977 година за редовен професор на Универзитетот во Торонто.Од 1972 до 1977 година бил декан на Факултетот за инженерство во Торонто, потоа претседател на Американското друштво за оптика во 1976 година и на Канадската асоцијација за физика во 1983/1984 година, повеќегодишен член на Научниот совет на Канада и секретар во 1996 година на Меѓународната асоцијација за чиста и применета физика.

Иако се пензионирал во 1989 година, Стојчев сепак продолжил со своите истражувања. До 2000 година, тој работел на дифузни меѓуerѕвездени спектрални линии.

Борис Стојчев во текот на својот работен век објавил повеќе од 150 забележани статии поврзани со интеракцијата на светлината и материјата, Рамановата спектроскопија со висока резолуција и нелинеарната оптика во врвни списанија,. Исто така, раководел со изработката на 25 докторски дисертации.

За своите заслуги се стекнал со почести во Канада и во други земји. Тој бил член на академиите на Канада, САД, Велика Британија и Индија. Исто така, Борис Стојчев бил член на МАНУ надвор од работниот состав од ноември 1981 година.

Борис Стојчев никогаш не го заборавил своето потекло. Тој бил активно присутен во средината на македонското иселеништво во градот Торонто и пошироко во Канада.

Проф. Д-р Борис Стојчев починал на 15 април 2010 година

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.