Среда, 30 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
Илија Аргиров Крчовалијата

Iliya KarchovaliyataИлија Аргиров Крчовалијата

Илија Аргиров - Крчовалијата (1856 - 1918) е деец на македонското националноослободително движење и војвода на ТМОРО. Учествувал во Кресненско-разлошкото востание (1878-1879) во четата на Стојан војвода, а потоа бил ајдутин во разни ајдутски дружини во Македонија. Се вклучил во ТМОРО во летото 1899 година и станал војвода на првата чета на Организацијата во Серскиот револуционерен округ. Во периодот 1902 и 1903 година станал војвода во Демирхисарско, учествувал во Илинденското востание и бил пунктов началник во Рила.

Илија Аргиров – Крчовалијата е роден во 1856 година во демирхисарското село Крчово, во сиромашно семејство. Неговиот татко и двајцата браќа биле убиени од Турците,  а мајка му починала од тага. Останат сам, тој од мал морал да работи како овчар и слуга. Потоа почнал да произведува јаглен. Но, откако бил измамен од грчки трговец, тој станал ајдутин. Влегол во дружината на Георги Зимбилев.

Во текот на 1878 и 1879 година, Илија Крчовалијата учествувал во Македонското востание, односно во Кресненско-разлошкото востание. Тој бил во четата на Стојан војвода (Стојан Карастоилов), а по угушувањето на востанието повторно бил ајдутин во разни ајдутски дружини во Македонија. Како и многу други ајдуци, во 1895 година се вклучил во активностите на Македонскиот комитет и учествувал во Мелничкото востание. 

Во 1897 година, под влијание на Гоце Делчев, Крчовалијата се откажал од ајдутството  и се приклучил на ТМОРО (Македонската револуционерна организација). Прво раководел со чета од 6 луѓе во Серско и Демирисарско, а од 1899 година тој бил назначен за војвода во Неврокоп.

Во 1902 година Илија Крчовалијата бил назначен за Демирхисарски околиски војвода, а во летото 1903 година тој бил делегат од Демирхисарско на конгресот на Серскиот Револуционерен округ. Во текот на Илинденското востание 1903 година, тој дејствувал во родниот крај, на чело на зборната чета со Јане Сандански. По поразот на востанието, тој дошол во судир со Сандански и бил остранет од округот. Од 1906 до 1908 година, тој бил пунктов началник на Македонската револуционерна организација во Рила, Бугарија.

Во времето на Младотурската револуција во 1908 година се легализирал. Се вратил во Крчово, но наскоро бил уапсен, заедно со Георги Башлијата и уште тројца други четници, под обинение дека му подготвувале атентат на Јане Сандански.  

Во 1909 година Илија Крчовалијата бил осуден на доживотен затвор, но поминал само две години во Солунскиот затвор, Во 1911 година бил амнестиран, по што постепено се пасивизирал од револуционерната и политичката дејност.

Сепак, по избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, тој застанал на чело Дванаесетата партизанска чета на Македонско одринско ополчение, а подоцна служел во штабот на Четвртата битолска дружина. За своите заслуги бил награден од Бугарија со орден „За храброст“ IV степен.

Од 1913 година Илија Крчовалијата бил пунктовен началник во селото Петрово, Демирхисарско. Во текот на Првата светска војна, по влегувањето на Бугарија во војна на страна на Централните сили во септември 1915 година, Крчовалијата го предводел разузнавачкиот пункт во Петрово на партизанскиот одред на Единаесеттата македонска пешадиска дивизија.

Илија Аргиров Ктчовалијата умира во Крчово во 1918 година Тој е татко на војводата на ВМРО, Димитар Илиев Аргиров.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.