Среда, 13 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
Симеон Клинчарски

250px-IMRO Cheta Evtim PolskiСимеон Клинчарски

Симеон Геиргиев Клинчарски (1866 – 18. VIII 1921) е македонски револуционер, војвода на ТМОРО и ВМРО. До 1912 година, тој беше самостоен војвода во Кочанско, во кој Тодор Александров беше секретар извесно време. Познат уште како Симеон Кочански, Клинчарски е едно од најверните лица на Тодор Александров, кој дејствува источно од реката Вардар.

Симеон Геиргиев Клинчарски е роден во 1866 година во кочанското село Пресека. Во 1897 година влегува во ТМОРО, а во 1903 година Клинчарски бил четник кај Христо Чернопеев. Во 1904-1905 година бил во четата на Крсто Блгаријата. По 1907 година, до 1912 година, тој бил самостоен војвода во Кочанско, во кој извесно време бил секретар Тодор Александров. На 1 февруари 1910 година, бил направен неуспешен обид за да го убијат Клинчарски во Пресека. На 29 октомври, Клинчарски со еден од неговите четници биле откриени од воена патрола во Пресека. За време на престрелката четникот загинал, додека војводата успеал да избега.

На почетокот на Балканската војна во 1912 година, Клинчарскибил војвода на Кочанската партизанска чета бр. 35 на Македонско-јодринското опочление. Подоцна бил на чело на Коченската чета, служел во 13-та Кукушка дружина, во Штабот на 3-та бригади на МОО, а за време на Втората балканска војна се наоѓал во Здружената партизанска чета. За своите заслуги награден е со Орден за храброст, IV степен. По војната тој продолжил да дејствува со својата чета во Кочанско.

Кога Бугарија влегува во Првата светска војна во ноември 1915 година, четата на Симеон Георгиев стана кочански позадинска вод на Партизанскиот одред на Единаесеттата пешадиска македонска дивизија. Водот на постариот подофицер Георгиев водел борби по Осогово до врвот Калиманица и меѓу Султан Тепе и Градец планина.

По Првата светска војна, Клинчарски се населил во Ќустендил и станал помошник на пунктовиот началник на ВМРО во градот. Истовремено тој е еден од најверните лица на Тодор Александров, кој дејствува источно од реката Вардар.

По договорот во мај 1921 година меѓу Кралството СХС и Царска Бугарија, Клинчарски станал жртва на напорите на владата на Александар Стамболиски да го запре префрлањето на македонските чети во Вардарска Македонија. Осомничен за координација на оваа активност во Ќустендил, Клинчарски е уапсен на 29 јуни 1921 година, по наредба на министерот за одбрана Александар Димитров. За време на неговото апсење, откриени се документи кои подоцна го поврзале со убиството на Ѓорче Петров претходниот ден во Софија.

За врене на испитувањето, Клинчарски бил подложен на тешки измачувања, а потоа иследниците Стојче Добрев и Христо Даскалов од Смилево го одвеле Симеон Клинчарски во селото Жиленци, Ќустендилско, каде го убиваат по наредба на Александар Димитров. Според друга верзија, тој починал за време на полициска тортура, по што неговото тело било фрлено во Жиленци. Симеон Геиргиев Клинчарски починал на 18 август 1921 година.

За одмазда неколку месеци подоцна бил убиен Александар Димитров од членови на ВМРО. Убијците на Клинчарски избегале во Србија, каде Добрев го презел кормилото на српските контра напади и Даскалов бил назначен за полициски инспектор во Битола.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.