Среда, 27 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
Иван Апостолов

310Иван Апостолов

Иван Апостолов  (1847 – 1926) е македонски ајдутин, револуционер и неврокопски војвода. Познат како Ване Македонецот учествувал во Српско- турската војна (1876) во четата на војводата Иљо Марков Малешевски, во Руско-турската војна (1877/1878), и во Кресненското востание (1878/1889). Од 1902 година станал војвода на чета на Македонската револуционерна организација во Неврокопско. Активно учествувал и во Илинденското востание во 1903 г.

Иван Апостолов  е роден во 1847 година во неврокопското село Куманиќ, денес Дазото, Грција или Белица, Разлошко. Долги години бил ајдутски војвода кој дејствувал во родниот крај. Потоа учествувал во Руско-турската војна од 1877-1878 година, а во 1878/1879 година бил во четата на Орчо Војвода и учествувал во Кресненското востание, уште познато како Македонско востание.

Во текот на борбите со турскиот аскер, Иван Апостолов бил заробен и осуден од турските власти на доживотен затвор. Тој бил испратен казната да ја издржува на грчкиот остров Родос. Во 1897 година е амнестиран, по што бил назначен за учител во родното село. Во 1897 година  учествувал во акцијата на Врховниот комитет, како десетар на Крсто Захариев.

Иван Апостолов, уште познат како Копоран Чауш, Даскалот, Куманичлијата и Ване Македонецот влегува во Македонската револуционерна организација. Од 1902 година е назначен за војвода на чета во Неврокопско.

На почетокот на февруари 1903 година, во подготвителниот период за престојното востание, Ване Македонецот присуствувал на средба на Гоце Делчев со дејците на Серскиот револуционерен округ.

Во текот на Илинденско востание, тој учествувал во неколку судири со турската војска во Неврокопско. Тој со својата чета учествувал во нападот врз турскиот гарнизон во селото Обидим, заедно со четите на Михаил Чаков, Стојан М’лчанков и Никола Грујчин. На 13 и 14 септември 1903 година, обединетите чети, потпомогнатите од селските милиции заминале за Обидим. Вечерта на 14-ти востаниците го нападнале селото и ја опколиле касарната и училиштето каде што била сместена војската. Училиштето било запалено и турскиот аскер се разбегал, по што започнале улични борби. По 6 часа борби, турскиот аскер се повлекол до месноста „Свети Спас“, каде борбата продолжила.

Македонските вопстаници имале само 2 загинати и едно дете, додека турскиот аскер имал 50 загинати и 35 ранети војници. Поради тоа аскерот се повлекол кон помачкото село Филипово, каде на 15 и 16-ти септември се собрал башибозукот од Филипово, Рибново и другите помашки села. На 16 септември, турскиот аскер и востаниците, во кои била и четата на Иван Апостолов се судриле во месноста Харамибунар (Ајдучки бунар). Во судирот турската воска претрпела нови загуби. Тие имале 35 убиени војници, меѓу кои и турскиот командант, како и многу ранети.  

По востанието Иван Апостолов нашол прибежиште во Бугарија и потоа станал комита во четата на војводата Атанас Тошовалијата. Во 1905 година, влегол во Македонија со четите на Андон Ќосето, Петар Милев и Кочо Молеров, но заради големите снежни наноси тие се вратиле во Бугарија.

Иван Апостолов или Ване Македонецот починал во 1926 година во бугарскиот град Долна Бања, Костеничко.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.