Среда, 08 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Лазар Делев

1a1Лазар Делев

Лазар Делев (1875 - 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Како член на Македонската револуционерна организација извршувал терористички и куриорски задачи. Иако невин, бил упасен и лежел во гевгелискиот затвор и во Едикуле во Солун.Учествувал во Илинденското востание и балканските војни. Со војводата Аргир Манасиев се борел против грчката вооружена пропаганда.

Лазар Делев е роден во 1875 во бојмишкото село Ореховица, Егејскиот дел на Македонија. Бил самоук, па по преселбата во Солун, работел како работник во железничкото депо на Солунската железничка станица. Набрзо станал член на Македонската револуционерна организација, за која извршувал терористички и куриорски задачи.

Во мај 1898 година бил уапсен за убиството на лидерот на гркоманската партија во Гевгелија Христо Цицов. Иако не зел учество во убиството, Делев лежел во гевгелискиот затвор до ноември, а потоа бил затворен во Еди куле во Солун. И покрај притисокот на грчкиот конзул во Солун и солунската митрополија, на 10 август 1899 година бил ослободен, откако судот пресудува дека е невин.

По ослободувањето, Лазар Делев се придружил на четата на месниот војвода Иванчо Карасулијата и учествувал во Илинденското востание, борејќи се во Горноџумајско заедно со Илија Балтов и Христо Саракинов.

Во 1905 година Лазар Делев, познат како Оревски, станал самостоен гевгелиски војвода и заедно со другиот  гевгелискиот војвода Аргир Манасиев се бореле и ги одбиле четите на грчката вооружена пропаганда. Во неговата чета бил и Дељо Василев, кој од 1906 година бил назначен за самостоен гевгелиски војвода.

По избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тој бил назначен за војвода на партизанската чета број 44 на Македонско-одринското ополчение, која броела 25 борци. Таа напредува по долината на реката Струма со четите на Дончо Златков, Никола Герасимов и Тане Николов. Тој учествувал во борбите кај Осеново, Сенокос и други места, а подоцна бил во Сборната партизанска единица на Македонско-одринското ополчение.

Лазар Делев умира во 1938 година, во Софија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.