Среда, 04 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Рафаел Батино

0009Рафаел Батино

Рафаел Јосеф Батино (14. I 1910 – 12. VII 1942) е комунист, синдикален активист, учесник во НОБ. припадник на битолската еврејска заедница. Студирал во Мексико каде што станал член на КП на Мексико, поради што бил протеран и вратен во Македонија во 1934 год. Во 1935 год., тој ги организирал штрајковите на Урсовите синдикати, поради што бил осуден на робија во Сремска Митровица. На робија бил заедно со Моша Пијаде и станал „професор на Црвениот универзитет“. Таму почнал да подготвува речник и граматика на македонскиот јазик, го подготвил првиот превод на Марксовиот „Капитал“ на македонски. Во 1942 год., за време на Втората светска војна бил заробен од четниците на планината Љубишна и стрелан.

Рафаел Јосеф Батино е роден на 14 јануари 1910 год. во градот Битола, во семејство на сефардски Евреи, Јосеф Батино и Ребека Коломонос – едни од најбогатите и највлијателните членови на битолската еврејска заедница. Основното училиште учел во Битола, а потоа завршил со одличен успех и Француски лицеј. На инсистирање на неговиот татко, тој заминал во Мексико за да работи како трговец со роднините, а потоа и во пристаништето. Студирал техничка наука на Универзитетот во Мексико, каде станал член на марксистичкиот кружок. Како член на КП на Мексико  и истакнат лидер на младината, Рафаел Батино учествувал во низа протесни активности и демонстрации, поради што бил протеран од Мексико во 1934 год.

По враќањето во Македонија, Рафаел Батино продолжил со револуционерната активност во Битоала. Потоа заминал за Скопје каде работел во осигурителна компанија. Истовремено учествувал и во создавање на партиски ќелии и омасовување на Организацијата. Тој одржувал тајни состаноци во неговиот стан. Во 1936 година, по провалата во куминистичката организација во Скопје, неговиот стан бил претресен и биле пронајдени документи на Македонскиот покраински комитет на ЈКП. Рафаел Батино бил осуден на петгодишна напорна рабија и лежел во затворот Сремска Митровица, каде се зближил со многу комунисти,

Рафаел Батино бил на робија заедно со Моша Пијаде, со кого станале добри пријатели и кој изработил портрет на Батино. Исто така, додека бил во затворот батино станал „професор на Црвениот универзитет“. Таму почнал да се занимава со македонското прашање и почнал да подготвува речник и граматика на македонскиот јазик, а го подготвил и првиот превод на Марксовиот „Капитал“ на македонски.

За време на Втората светска војна, по априлската војна во 1941 год, и поразот на Кралството Југославија од страна на Германија, затворот во кој лежел Рафаел Батино бил ставен под контрола на Независната хрватска држава. Неколку месеци потоа, на 22 август 1941 год., Батино избегал од затвор заедно со 31 други затвореници, меѓу кои биле и Бане Андреев, Орце Николов и Богоја Фотев. Тие им се придружиле на партизаните на Фрушка Гора, а потоа Батино ја поминал Сава и му се приклучил на Посавскиот партизански одред. Оттаму, тој заминал во Ужице, кој бил контролиран од партизаните. Таму го молел Тито да го испрати во некој одред, но комунистичкиот лидер кој ја имал во предвид неговата инвалидност стекната во затворот му дал политичка задача.

Рафаел Батино со голема колона заминал во Санџак и се приклучил на Нововарошкиот обласен комитет на ЈКП. Тој бил назначен за политички секретар на комитетот и одржувал постојан контакт со Врховниот штаб на Народноослободителна армија на Југославија. Тој објавувал различни соопштенија под псевдонимот Миша Цветковиќ. На 23 мај 1943 година тој бил назначен за политички секретар на Санџалкиот обласен комитет на ЈКП.

Во летото 1943 година заминал во Плевља, кој бил под контрола на четниците на Драгољуб Михајловиќ. На 9 јули 1943 год., неговата група паднала во заседа под Еловац и влегла во битка со четниците на планината Љубишна околу Вучи Клек. Батино и Велко Козиќ биле заробени, а остатокот од партизаните успеале да избегаат. Батино и Козиќ биле мачени и сослушувани следната вечер, по што биле предадени на италијанската воена администрација. На 12 јули 1942 година, Батино кој бил спреведен по градските улици, извикувал разни пароли против Хитлер, Мусолини и четниците на шпански, италијански и германски јазик. Карабинерите го застрелале со митралез.

Рафаел Батино меѓу своите соборци бил познат под псевдинимот Миша Цветковиќ. Долго време не беше познато кој се криел под овој псевдоним. Во 1960 година, во весникот „Борба“ била објавена статија во која се бара од читателите доколку некој нешто знае за Миша Цветковиќ да и напише на редакцијата. Иницијативата била поддржана и од „Комунистичкиот весник“. Меѓутоа дури во јули 1975 год, „Политика“ објавила статија за Батино „Од Мексико до Вучи Клек“, чиј автор бил соработникот на Батино, Данило Кнежевиќ. Така била откриена загатката дека Рафаел Батино и Миша Цветковиќ се една иста личност.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.