Среда, 18 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Дончо Лазаров

090Дончо Лазаров

Дончо Лазаров (30. I 1878 – 25. I 1950) е македонски револуционер, тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација (МРО). Учествува во Илинденското востание во 1903 година.

По Младотурската револуција тој бил еден од основачите и активисти на Народната федерална партија во Кавадаречко. Во јуни 1913 година, Лазаров бил еден од водачите на Тиквешкото востание, а по неговото задушување ја продолжил борбата против српските власти како војвода во Кратовско. Учествувал и во одбраната на градот Петрич за време на грчката инвазија во октомври 1925 година.

Дончо Лазаров е роден на 30 јануари 1878 година во тиквешкото село Ваташа. Тој го завршил педагошкото училиште во Скопје и потоа работел како учител во родниот крај.

Во летото 1903 година учествувал во организирање на нелегална работилница во училиштето во Ваташа за производство на облека за четите на Македонската револуционерна организација. Во септември истата година, тој учествувал во нападот на чифлигот на агата Азис кај селото Моклиш.

Во ноември 1904 година, Лазаров го напуштил своето учителствување во селото Ресава и заедно со Јованче Попантов и Михаил Шкартов, станал четник во четата на Добри Даскалов. На крајот на 1905 година тој бил назначен за реонски војвода во Тиквеш и со мали прекини останал на оваа позиција до Младотурската револуција во 1908 година. Неколку пати бил апсен и затворан од турската власт.

По Младотурската револуција, во периодот на Хуриетот (слободен живот), Дончо Лазаров се легализирал и започнал со политичка активност. Во 1909 - 1910 година тој бил еден од основачите и активисти на Народната федерална партија во Кавадаречко. Меѓутоа, по разочарувањето од новите власти повторно станал четник кај војводата Лазар Фертикот.

Во јуни 1913 година во Тиквешкиот регион (Кавадарци, Неготино, Ваташа и останатите поголеми места од тој крај) избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание.

Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш после Првата балканска војна, и е едно од позначајните македонски востанија. Дончо Лазаров бил еден од водачите на Тиквешкото востание,

Имено, подготовките за востанието траеле неколку месеци пред истото да избувне. Бил формиран Револуционерен штаб за раководење на востанието, во кој влегле истакнатите тиквешки војводи Дончо Лазаров, Мишо Шкартов, Коце Сеизов, Пано Измирлиев, како и Ристо Михов, Тасе Мурџев, Тодор Камчев, Димитар Пинџуров, Милан Анастасов и други.

На почетокот Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкатров ги протерале српските војски од Неготино, а потоа и српските власти од Кавадарци. Тиквешкото востание траело од 29 јуни до 7 јули 1913 година (нов стил). По повлекувањето на четите од Тиквешијата, на 7 јули 1913 година почнала српската реокупација на оваа област,  а по неговото задушување Лазаров ја продолжил борбата против српските власти како војвода во Кратовско.

По завршувањето на Првата светска војна и по санкционирањето на поделбата на Македонија, по 1920 година се населил во Петрич и работел на некои административни должности. Во 1921 година тој бил кратко време  градоначалник на градот.

Во октомври 1925 година, за време на т.н. Петрички инцидент, кога Грците извршија воена инвазија во Пиринска Македонија, тој учествувал во одбраната на градот Петрич.

До 1930 година, Дончо Лазаров бил претседател на градското македонско добротворно братство „Христо Матов“.

Дончо Лазаров починал на 25 јануари 1950 година во градот Петрич во Пиринскиот дел на Македонија.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.