Среда, 17 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Александар Караѓулев

1kara1Александар Караѓулев

Александар Караѓулев (1860 - 1892) е македонски национален деец од крајот на 19 век. Тој се залагал за македонска национална посебност и се спротивставувал на бугарската егзархија. Познат уште како А. К. Охридски тој извесно време работел како одговорен уредник на весникот „Македонски глас“ и  бил главен организатор на Македонското читалиште во Софија  Бил уапсен од бугарските власти и поради ѕверските мачења во софискиот затвор овој македонски патриот ја испеал песната „Послушајте патриоти“.

Александар Караѓулев е роден е во 1860 година во градот Охрид, во семејството на Ангел Караѓулев, кое припаѓа на големото охридско семејство Караѓулеви. Александар учел во Охрид и Софија, каде останал да работи и бил активен во македонската емиграција во Софија. Се занимавал со трговија и работел како службеник. Тој се спротиставувал на бугарската егзархија и се залагал за македонска национална посебност.

Александар Караѓулев уште познат како Охридски, извесно време бил оговорен уредник на весникот „Македонски глас“ (јануар – септември 1885 и јануар 1887 год.), кој бил посветен на македонското прашање и тајно се внесувал во Македонија. Имено, тој бил одговорен уредник од 1885 година од број 5 па се до неговото укинување.

На 7 септември 1885 година во „Македонский глас“ бил објавен додаток со повик до сите Македонци во Бугарија со оружје да влезат во Турција и да се борат за ослободување на Македонија, а на 25 јануари 1887 година бил објавен бројот 35 на „Македонски глас“ - јубилејно издание по повод 25-годишнината од смртта на Димитар и Константин Миладинови.

Весникот во својот 24-ти број од 15 јуни 1885 година ќе објави дека: „Безмилосно ќе се бориме против сите оние кои го спречуваат ослободувањето на Македонија, било да се тие егзархи, министри, генерални гувернери, кнезови, дипломати, императори. Решени сме да го објавиме нашиот весник со и без ваша помош, дури и кога останува само еден претплатник. Нема од што да се плашиме. Нашиот уредник е навикнат да го уредува весникот гладен, така што нема да го изгубиме немилоста на силните.“

Од 1886 до 1890 година, Александар Караѓулев работел и во Софискиот суд. Исто така, околу 1889 година бил главен организатор на Македонското читалиште во Софија.

Активноста на Александар Караѓулев Охридски им сметала на софиските власти. Од друга страна, во овој период голем дел од македонската емиграција во Бугарија била против политиката на бугарскиот министер претседател Стефан Стамболов.

Под изговор дека бил соучесник во обидот за атентат во март 1891 година врз тогашниот актуелен премиер Стефан Стамболов, при што бил убиен неговиот пријател министерот за финансии Христо Белчев, Караѓулев бил уапсен заедно и со други Македонци.

На 8 јули 1892 година, Софискиот суд го прогласува виновен и го осудил на смрт. Истата година, на 15/27 јули, овој македонски патриот бил обесен од бугарските власти во дворот на Црната џамија (подоцна црквата „Св Седмочисленици“).

Додека престојувал во софискиот затвор каде бил изложен на ѕверски мачења, македонскиот патриот Александар Караѓулев Охридски ја напишал песната „Послушајте патриоти“

Послушајте патриоти

да ви кажам словото,

на Ѓуѓовден бев затворен, ----

вцрни темни зандани. 2х

Во зандани бев предаден

од проклети шпиони

од проклети шпиони ---

неразбрани трговци. 2х

Во зандани бев измачен

ниту вода ниту леб,

телото ми потемнело,

долга риза до земја.

Ах немојте да ме мачејте,

јас сум невин како цвет

сум се борел за слобода ---

за човечки правдини. 2х

Ах да знае мојта мајка

гробот да ми ископа

гробот да ми го ископа

спрема јасното сонце.

И на гробот да напише,

тук почива маченик,

тук почива Александров,

Караѓуле Охридски.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.