Среда, 12 Мај 2010    PDF Печати Е-пошта
Пеце Атанасовски: Музика посилна од времето - Милениумска Македонска Гајда
Играорец и инструменталист, најпознат Македонски гајдаџија и еден од најпродуктивните собирачи на Македонски народни песни и ора.
Ќе писне гајдата, ќе р'ска тапанот, ќе се чуе кавалот, ќе се разлее “Отидов село Долнени”....

pece-atanasovskiПеце Атанасовски е роден во село Долнени, Прилепско, 25. X 1925. Неговите први музички ангажмани започнуваат со националната радио станица. Бил професионално ангажиран во Радио Скопје (1946) и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец" во Скопје (1950). Од 1959 г. до пензионирањето бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет КУД во РМ. Од 1966 г. полни 29 години ја раководел Фолклорната школа за странци во Отешево. Со своите гостувања со разни културно- уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на Македонскиот мелос.

Носител е на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен (Англија), Брно и во други градови. Во конкуренција на 1.800 гајдаџии од целиот свет, го освоил првото место и наградата „Златна гајда" на фестивалот во Ериче, Италија (1968). Како светски признат народен инструменталист, држел часови на разни универзитети во светот, од Лос Анџелес до Токио.

Има собрано импозантна фолклорна збирка од околу 20.000 народни песни и ора. Почина како директор на Долненскиот фестивал, чиј основач беше (1973), а кој сега е именуван како Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" с. Долнени, Прилеп. Почина во Скопје, 14. IX. 1996.

Ќе писне гајдата, ќе р'ска тапанот, ќе се чуе кавалот, ќе се разлее “Отидов село Долнени” и така секоја година ново издание на Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски” на Рудина во Долнени. Околу 300 гајдаџии, тапанџии, зурлаџии, кавалџии и исполнители на изворни народни песни од 7 до 77 години од земјата, од Словенија, Бугарија и Канада учествуваат на Фештата за одржување на народниот фолклор на традиционалното дефиле на учесниците низ Прилеп.
Фестивалот кој го остави Пеце Атанасовски во себе содржи Македонки дух- изложба на носии од пелагонискиот регион, традиции и Македонски ноти со мисија на негување на македонската култура.

Сеќавање за Пеце Атанасовски

- Пеце Атанасовски остави жива вредност а Фестивалот го чува раскошот на Македонскиот фолклор, изворната песна и инструменти - вели Весна Атанасоска - Вучиќ. Фестивалот ги собира сите Македонци, од сите меридијани, и се радувам што од Канада доаѓаат учениците на Пеце Атанасовски, заедно со синовите.

- Мераклија сум на народните инструменти и љубител сум на народната изворна музика. – вели 20 годишниот Стефан Николов, роден во Торонто, Канада, кој неколку години свири гајда. Научил од татко му, а инспирација му биле стари ленти од Пеце Атанасовски.

Во 2009 година, се реализираше проектот „Звуците од Македонија
Пет песни од проектот „Звуците од Македонија“ се авторски дела на доајенот на македонската изворна песна Пеце Атанасовски, а пет се познати македонски ора и народни песни. Но, овој проект, од досега промовираните преработки на етнокомпозиции се разликува во одличните аранжмани.

Оркестарот за традиционални инструменти „Пеце Атанасовски“, пак, е формиран во 1997, од неколкумина ученици кои што ја посетуваа школата на познатиот гајдаџија и познавач на македониската изворна музика, Пеце Атанасовски. Во 1997. година Оркестарот се трансформира во Здружение на граѓани со цел за зачувување и презентација на Македонската традиционална музика.

За Пеце Атанасовски издадена е и монографија.

- "Македонското фолклорно творештво не ќе бликнеше со раскошна убавина доколку појци, инструменталисти, играорци меѓу кои најповеќе се издигна името на гајдарот од светски глас Пеце Атанасовски. Тој беше недостижен мајстор солист на гајда, инвентивен етнокореограф, пејач, играорец, тапанџија, педагог, собирач на изворниот фолклор и народни носии, продуцент, лидер на оркестар и што уште не", вели авторот на Монографијата за Пеце Атанасовски- Тодевски.

Во Монографијата Костадин Костадиновски ќе забележи:

- "Доминантниот звук од неговата гајда се огласуваше како парче од неговата душа, плетејќи чудесни филигрански везови со фасцинантни мелизми и виртуозитет. Стремежот, неговата оригинална творечка визија секогаш да остане во автентичниот звучно-ритмички амбиент на македонската изворна фолк-традиција, нагласувајќи ги при тоа исконското и спонтаното во етно-кореографскиот чин и креативните валеи во вокалната проекција на мелосот од Македонското геоетничко поднебје - зборува за ингениозноста на народниот уметник со светски глас - самоукиот Пеце Атанасовски -носител на највисоки признанија".

Народниот уметник Пеце Атанасовски одот низ фолклорната уметност ќе го започне во врутокот на гајдарската традиција во Македонија, селото Долени, за подоцна да се извивне во аурата не само на нашите се народни великани - уметници, туку неговата гајда ќе се чуе на многу концертни и фестивалски сцени.

Но, тој не беше само врвен со својата гајда, туку во своето уметничко изградување ќе помине најпрво неколку години во првата генерација на Државниот фолклорен ансамбл

"Танец" каде ќе го запознае професионалниот однос кон негувањето и афирмацијата

на народното творештво. Од 1962 го дина тој е во редовите на Оркестарот од народни инструменти на Македонската радио-телевизија со кој раководи сe до неговото пензионирање во 1987 го дина. Паралелно со овие ангажмани тој бил организатор на значајни семинари во Отешево како и на многу универзитети и институти во светот. Тој е идеен творец на Фестивалот на изворни песни и инструменти во Долнени пред три децении кој по неговата смрт го продолжи неговата ќерка Весна Вучиќ.

Големиот гајдаџија остави зад себе над 9 илјади студиски снимки за Македонската радио-телевизија како и за диско графските продукции од поранешна Југославија што трајно ќе сведочат за она што тој го да де во сферата на фолклорното музицирање. Пеце Атанасовски е своевиден музички рекордер, а тоа го по кажува бројката од околу 9.300 снимени ора и песни со неговата бессмртна гајда.....
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.