Среда, 24 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Анастасија Павлова

1anastasijaАнастасија Павлова

Анастасија Павлова Станковска (околу 1869/11.05.1875 - ?), позната само како Наста Павлова или Баба Наста - македонката, е македонски револуционер и позната народна пејачка од Македонија. Таа беше првата народна пејачка што пееше во живо на бугарското национално радио и прва изведувачка на познатата песна „Море, сокол пие“ во 1940 година.

Анастасија Павлова Станковска е родена е околу 1869 година во Крушево. Според документите за барање пензија стои дека таа е родена на 11 мај 1875 година во град Крушево.

Од документите се гледа дека таа активно учествувала во движењето за ослободување на Македонија. Таа го поддржувала револуционерното движење како курир, со носење и криење на оружјето на македонските револуционери во 1902-1903 година, па дури и по Илинденското востание учествувала активно во борбата за ослободување на Македонија.

За време на Илинденско востание, Анастасија Павлова учествувала активно во поддршка на македонските револуционери. По задушувањето на востанието, Наста Павлова ги криела во својата куќа македонските револуционери Коста Попето, Андреј Докурчев и други.

Гевгелискиот војвода Коста Христов Попето (1862-1941) подоцна потврдил дека Павлова го криела и вели: „За време на Илинденското востание, Андреј Димитров и Докурчев од Велес и јас опериравме во Крушово... За време на подготовката на Илинденското востание, Наста Павлова зеде активно учество. Несебично таа помогаше да се сокријат пушките и четниците. Под сомнение дека нејзиниот сопруг убил Турчин, тој лежеше во битолскиот затвор, а за време на востанието Турците го заклаа, бидејќи бегаше со една од своите девојчиња, која почина малку подоцна. По задушувањето на востанието, Наста Павлова го презеде ризикот по нејзиниот живот за да ме скрие мене и Андреј дома. Заедно со нејзината мајка Тана Горчилова, таа нè маскираше во свештеничка облека како свештеници со цел да ги спаси нашите животи..“

Иако нејзиониот прв сопруг бил убиен од Турците и го загубила едното дете, таа не го изгубила духот. Напротив, носејќи ја во себе највисоката доблест - патриотизам, во деновите на најтешкиот национален пресврт, и покрај многуте пречки и материјални тешкотии, таа неуморно служела преку родната песна на светите национални идеали. Баба Наста продолжила неуморно да работи за Македонија распростанувајќи ја македонската песна и обичаи.

По поделбата на Македонија, откако нејзиниот роден град останал во рамките на Србија, таа се преселила во Бугарија и се населила во Софија.

Во Бугарија, Наста Павлова станала позната пејачка и била првата пејачка која пеела во живо македонски народни песни пред микрофонот на Бугарското национално радио, потоа на бугарското национално радио.

Во втората половина на 1930-тите, Наста Павлова ги испеала избраните македонски песни во живо на Радио Софија. Таа е опишана како стилска и талентирана пејачка и како таква станала многу популарна низ цела Бугарија. Таа исто така била прва изведувачка на познатата песна „Море, сокол пие “ во 1940 година.

Анастасија Павлова, исто така, направила снимки во 1943 година на грамофонските записи. Таа снимила вкупно 21 песна со различни теми, како и една тажачка која е посветена на еден македонски револуционер убиен од Турците. Во колекцијата на песни на Анастасија Павлова многу добро опишан е и крушевскиот лазарски обичај.

Бугарскиот фолклорист Манол Тодоров тогаш ќе забележи дека: „Баба Наста беше одличен изведувач и пејачка со ентузијазам. Таа пееше инспирирано и уметнички. Таа не ја изведуваше песната, таа ја пресоздаде!

Море сокол пие

Вода на Вардарот.

Јане,Јане ле бело грло

Јане,Јане ле кротко јагне.

Море ој соколе,

Ти јуначко пиле.

Јане,Јане ле бело грло

Јане,Јане ле кротко јагне.

Море нели виде

Јунак да помине,

Јунак да помине,

С'девет лути рани.

Јане,Јане ле бело грло,

Јане,Јане ле кротко јагне.

Јунак да помине

С'девет лути рани,

С'девет лути рани,

Сите куршумлии.

Јане,Јане ле бело грло

Јане,Јане ле кротко јагне.

А дестта рана,

Со нож прободена.

Јане,Јане ле бело грло

Јане,Јане ле кротко јагне.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.