Среда, 05 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
Никола Зографов

1zografНикола Зографов

Никола Зографов (1869 – 25. XI 1931) е македонски просветен деец, револуционер и член на Македонската револуционерна организација (МРО). Собирал фолклорни материјали во Велешко, Штипско и Кочанско, кои подоцна се објавени во Софија. По емигрирањето во Ќустендил, во есента 1895 година бил назначен од Гоце Делчев и Задграничното претставништво на МРО за пунктов началник и раководител на Организацијата во градот.  На барање на Делчев, Никола Зографов или Зографски кој ги користел псевдонимите Източник, Мерсин, Мерун, организирал бомболеарница во ќустендилското село Саблјар.

Никола Петров Зографов или Зографски е роден во 1869 година во велешкото село Ораовец. Неговиот татко Петар Николов бил зограф од дебарската школа на големиот мијачки род Рензовци. Но, тој не ја продолжил семејната традиција и по професија станал саатчија, но исто така го интересирала и културната заоставштина на македонскиот народ. Тој заедно со Тодор Ецов собирал фолклорни материјали од Велешко, Штипско и Кочанскиот крај, кои подоцна се објавени во Софија во периодичната научна публикација „Сборник за народни умотворения“.

Во 1894 година Никола Зографов се приклучил на револуционерниот кружок во Велес и истиот го снабдувал со оружје и литература. Подоцна истата година тој емигрирал во Ќустендил, каде

во есента 1895 година бил назначен од Гоце Делчев и Задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација за пунктов началник и раководител на Организацијата во градот.

На крајот на истата година, декември 1895 година, Никола Зографов бил делегат од Ќустендилското македонско друштво на Вториот конгрес на Македонската организација.

Во 1896 година Зографов учествувал во основањето и претседавал со Тајниот македонски револуционерен комитет „Труд“ во Ќустендил.

Во пролетта 1897 година, по идеја на Гоце Делчев, Никола Зографов организирал бомболеарница во ќустендилското село Саблјар. Истата година, тој го предводел комитетот за помагање на бегалците од Виничката афера, Подоцна неколку пати бил избран за претседател на македонското друштво во Ќустендил, а во исто време учествувал и на конгреси на Македонската организација.

Поради здравствени причини Никола Зографов бил ослободен од функцијата пунктовен началник во 1901 година. Сепак тој не прекинал да го помага македонското револуционерното движење. Истата година тој ја објавил "Неколку зборови за борбите во Македонско-одринската организација"  („Няколко думи за борбите в Македоно-одринската организация“).

За време на Првата балканска војна, Зографов учествувал како доброволец во Првата ополченска дружина, но во 1915 година тој целосно го изгубил видот заради хронично заболување.

Во 1927 година Никола Зографов ја објавил својата последна книга „Строежа на живота. Едно обяснение на въпросите: 1. Как се създаде погрома на България. 2. Защо не можа да бъде извоювана автономията на Македония и Одринско“,

Никола Зографов починал на 25 ноември 1931 година во Софија. Неговите архиви се чуваат во Бугарскиот историски архив.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.