Среда, 19 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
Михо Михајловски

1mihoМихо Михајловски

Михо Михајловски (1915 - 2003) е македонски револуционер и народен херој од НОБ. До Априлската војна во 1941 година работел на Земунскиот аеродром, а потоа се вратил во родниот град и се вклучил во подготовките за оружено востание. Бил борец на Првата македонско-косовска НОУБ. Како заменик-командант на баталјон, учествувал во Февруарскиот поход (1944), во Пролетната офанзива и во конечното ослободување на Кичево. Прогласен е за народен херој на Југославија (1. VIII 1952).

Михо Михајловски е роден на 25 октомври 1915 година во Кичево. Основно училиште и три класа гимназија завршил во Кичево. После тоа, тој започнал да го учи електромеханичкиот занает. Заминал во Белград и се вработил на аеродромот во Земун. Во Белград се поврзал со печалбарите од својот роден крај, кои биле активни во работничкото движење.

Се до капитулацијата на кралството Југославија во април 1941 година, Михајловски работел на Земунскиот аеродром, а потоа се вратил во родниот град. По враќањето во Кичево, тој се поврзал со членовите на антифашистичкото движење и се вклучил во подготовките за оружено востание.. Во пролетта 1942 година, тој бил уапсен и малтретиран, но не бил изведен пред суд.

На 8 април 1943 година, Михајловски бил предводник на група доброволци кои извршиле напад на касарната во Кичево. За време на првото ослободување на Кичево, во септември 1943 година, тој бил командант на вод и со група партизани ја освоил касарната во градот. За време на второто ослободување на Кичево во ноември 1943 година, тој со другарите го минирал мостот пред градот. Тогаш тој бил борец na Првата македонско-косовска бригада.

За време на повлекувањето од слободната територија vo Дебарца, бидејќи знаел да se користи со радио опрема, Михо бил испраќан да ги пробива заседитe и на специјални задачи.

За време на Февруарскиот поход (1944), тој станал заменик командант на баталјони во Првата македонско-косовска бригада. За време на походот, тој се истакнал во борбите против Германците кај местата Локов и Прждево, по што беше пофален од штабот на бригадата и пред стројот добил револвер како подарок.

Михо Михајловски се истакнал и во борба против Бугарите во април 1944 година. Откако обрачот не бил пробиен во првиот напад, Михо ги пробил непријателските позиции на чело на неговиот баталјон, по што тие добиле пофалби.

Во септември 1944 година, за време на конечното ослободување на Кичево, Михо повторно учествувал во борбите како командант на батаљон. Тој бил тешко ранет за време на борбите.

По ослободувањето, Михо Михајловски извршувал значајни должности во ЈНА и во СВР. Тој бил заменик командант на бригадата за врски на Корпусот на народна одбрана на Југославија, инспектор за врски во Југословенската народна армија и во 1949 година бил назначен за секретар на Координативниот комитет за народна одбрана при владата на Народна Република Македонија. Од 1954 до 1964 година, работел во Секретаријатот за внатрешни работи.

Тој е носител на Партизанска споменица од 1941 година и неколку други одликувања. Прогласен е за народен херој на Југославија на 1. VIII 1952 година.

Михо Мијајловски почина на 28 март 2003 година во Скопје.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.