Среда, 18 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
Трајко Бошковски - Тарцан

legТрајко Бошковски - Тарцан

Трајко Бошковски – Тарцан (12. VI 1918 – 6. I  1943) е македонски комунистички деец и легендарен првоборец.  Во 1941 година, како член на КПЈ, бил член на МК на КПЈ во Прилеп и политички комесар на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“. Тој раководел со нападот во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во текот на 1942 година бил член и инструктор на ПК на КПЈ за Македонија, политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб и политички комесар на велешкиот НОПО „Димитар Влахов“. Пет пати бил осудуван на смрт од бугарските судови. Во нерамна борба со бугарските воени и полициски окупаторски сили, со последниот куршум се самоубил за Божик 1943 година,.

Трајко Бошковски  е роден на 12 јуни 1918 година во прилепското село  Голем Радобил. Неговите родители наскоро умираат и тој бил посвоен од семејството Бошковски од Прилеп. Основно училиште и прв клас гимназија завршил во Прилеп, а потоа, од 1932 година работел како дрводелец.

Во 1935 година, Трајко станал член на СКОЈ. Исто така, бил член и на Прилепското работничко друштво „Абрашевиќ“, каде раководел со рецитаторската секција. Во 1936 година, по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај, заедно со Мице Козар поставиле црвено знаме на Маркови кули.

Во летото 1937 година, Трајко Бошковски  заминал за Белград. По доаѓањето во главниот град на Кралството Југославија, како член на СКОЈ тој зел учество во работничкото движење во Белград. Веќе наредната  година, на 26 ноември 1938 годуна, тој станал член на КПЈ.

Во 1940 година, Трајко се вратил во Прилеп. Како член на КПЈ, станал член на  Месниот комитет на КПЈ во градот и секретар на Месниот комитет на СКОЈ. Во времето на Илинденските демонстрации, истата година, одржал два забележителни говора, по што бил уапсен. Во декември 1940 година бил осуден на шестмесечен затвор и потоа ослободен во пролетта 1941 година.

По окупацијата на Македонија, Трајко Бошковски – Тарцан е меѓу првите партизани кои на 12 септември 1941 година, на Селечка Планина ја формирале првата партизанска чета. Тој бил избран за политички комесар на четата. Исто така, бил поставен за политички комесар и на 11 октомври кога бил формиран Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“, кон кого на 15 октомври се приклучиле и борците од Првата прилепска партизанска чета.

Претходно, на 8 октомври 1941 година, Трајко Бошковски – Тарцан усепал да избегне апсење, кога бил опколен од бугарската полиција во една куќа во Прилеп.  Тој успеал да се пробие низ блокадата, при што убил полоцаец, но не и А. Корубинов и С. Стојанов, кои биле уапсени. Истиот ден кога бил формиран одредот, македонските партизани раководени од Тарцан ја нападнале полициската станица, при што е убиен стражарот. Во затворот се наоѓале политички затвореници и македонски патриоти.   

Од декември 1941 година, Трајко Бошковски – Тарцан е член и инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Од април 1942 година тој е политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб, а од септември истата година тој е политички комесар на велешкиот НОПО „Димитар Влахов“.

Трајко Бошковски – Тарцан за својата активност пет пати бил осудуван на смрт од бугарските судови.

На Божик, тој бил тешко ранет, а борците го оставиле во една колиба.  Но Трајко Бошковски – Тарцан бил предаден и на 6 јануари 1943 година, во нерамна борба со бугарските воени и полициски окупаторски сили кај село Сливник, Велешко, со последниот куршум се самоубил.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.