Среда, 23 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Георги Герџиковиќ

Georgi 1

Георги Герџиковиќ

Георги Герџиков(иќ) (1880 – 1911) е македонски револуционер, илинденец и македонски „автономист”. Како српски поручник двапати со своја чета влегувал во Македонија, но бил ранет во борбите со Турците. Подоцна поднел оставка на офицерската служба и во 1905 г., станал сопственик и одговорен уредник (заедно со Григорие Хаџиташковиќ) на органот на обновениот Македонски клуб во Белград весникот „Автономна Македонија” со мото: „Балканот на балканските народи. Македонија на Македонците”. По големите реакции во Србија, весникот е забранет, а тој бил прогонет и интерниран во Пожаревац. Преку Австро-Унгарија и Црна Гора, дошол во Бугарија, а по Младотурската револуција заедно со Ј. Сандански се прибрал во Македонија и умрел од туберкулоза во родниот град.

Георги Герџиковиќ е роден во 1880 година во Гевгелија. Завршил француско трговско училиште „Гир“ во Солун. По кратко учителствување во селото Мачуково. во 1898 година се запишал во Воената академија во Белград, која ја завршил во 1900 година. Како српски поручник двапати со своја чета влегува во Македонија, но бил ранет во борбите со Турците и се лекувал во Софија. Инаку за време на Илинденското востание бил војвода на чета во одред на Македонскиот комитет, на чело со полковникот Анастас Јанков, познат како „Македонски Гарибалди“,

По угушувањето на Илинденското востание, распуштањето на востаниците и складирањеѕо на оружјето во скривниците, во 1904 г., во Македонија започнаа да делуваат четите на бугарската, грчката и српслата вооружена пропаганда. По појавата на србоманската чета на Мицко Крстевски, Георги Герџиковиќ и Христо Узунов биле ангажирани да го поканат Мицко да се покори на Македонската револуционерна организација. Меѓутоа и покрај нивниот напори војводата Мицко ја засилил својата просрпска дејност и неговата чета се зголемила на 30 души.

И покрај тоа што е српски воспитаник, Георги Герџиковиќ бил убеден дека автономија на Македонија е единствениот пат за нејзино спасување од турските канџи. По враќањето во Србија, тој поднел оставка на офицерската служба и во 1905 година станал сопственик и одговорен уредник на органот на обновениот (заедно со Григорие Хаџиташковиќ) Македонски клуб во Белград весникот „Автономна Македонија”(La Macédoine autonome), со мото: „Балканот на балканските народи. Македонија на Македонците” и со девиза: „Првин слобода, па после пребројување!”

Тие ја бранеле идејата дека Македонското прашање не е прашање на ниту една балканска држава и се залагале за автономна Македонија, како дел од една балканска федерација. Надевајќи се дека ќе добијат помош за македонското револуционерно ослободително дело, Герџиковиќ и Хаџиташковиќ се „приклониле“ кон Српското четничко движење на Јован Атанацковиќ и Милорад Гоќевац. Меѓутоа, согледувајќи го нивното лицемерие, Герџиков и Хаџи Ташковиќ во весникот „Ден“  ќе истакнат:

„ ... Ние сме неповратно решени да работиме за ослободувањето на нашата татковина Македонија, притоа воопшто не водејќи сметка кому тоа се допаѓа, а кому не, без да му го признаеме некому правото за тоа повеќе да се грижи од сопствените синови на таа земја, независно од верата и народноста“.

(„Ден“, бр. 611, 9 септември, 1905 година)

Истата година, Герџиковиќ и Хаџиташковиќ преговараат во Софија со „левото крило” на ТМОРО за учество на Рилскиот конгрес. Македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов во своето дело "Ослободителните борби на Македонија" за Хаџи Ташковиќ и Герџиковиќ ќе напише: "Во Србија, сепак, имаше ... и друга една група од најчистокрвни автономисти - групата околу весник" Автономна Македониjа "... Оваа група има својата трагична историја - толку трагична како и општата судбината на сите Македонци кои несебично му служеле на светлиот автономен идеал. Нејзината дејност, многошумна и несебична, но краткотрајна, е поврзана ко имињата на двајца Македонци со српско воспитание: Георги Герџикович од Гевгелија, српски офицер и Глигор хаџи Ташкович, од Воден, гимназиски учител. Ослободителното движење на своите сонародници ги плени нивните срца и ги направи протагонисти на идејата Македонија за Македонците. Герџикович беше активен борец, хаџи Ташкович, - борец со перо и слово. Во 1903 година Герџикович се најде во Македонија со чета, како доброволец и се запозна одблизу со аспирациите и разбирањата на македонските револуционери од сите струи. Тој се врати во Србија длабоко убеден дека спасението на Македонија е во заедничка борба на населението од потистнати народи, под знамето на Внатрешната организација и почна да работи во оваа насока... Во август 1905 година двајцата другари дојдоа во Софија и од името на групата влегоа со представителите на Внатрешната Организација во преговори за взаемна дејност..“

Но, по големите реакции во Србија, весникот е забранет, а Герџиковиќ бил прогонет и интерниран во Пожаревац. Од таму тој избегал во Австро-Унгарија, Црна Гора и во Бугарија, а по Младотурската револуција заедно со Јане Сандански се прибрал во Македонија, каде умира од туберкулоза како турски службеник во родниот град во 1911 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.