Понеделник, 24 Мај 2010    PDF Печати Е-пошта
Гане Тодоровски
gane-todorovski
Гане Тодоровски е еден од великаните на Македонската литература во 20-тиот и 21-от век. Постигнатите научни резултати во областа на Македонистиката, го вбројуваат помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.

Импозантното литературно творештво на Тодоровски, критичарите го делат во две главни насоки - во поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката.

Гане Тодоровски спаѓа во редот на највпечатливите ангажирани и остроумни личности во македонската литература, потенцираше  Раде Силјан на  промоцијата на Избраните дела во дест тома од Гане Тодоровски и во оваа прилика за генијалноста на творецот ќе додаде: Неговите стихови извираат од неисцрпниот вруток на македонската почва и со сиот свој сјај (естетски и идеен) проблеснуваат пророчки, секавично. Тежиштетот на неговата поезија е насочено кон повеќе тематски пунктови кои во изразната целост се проткајуваат и се надополнуваат, нудејќи возбудливи слики и силни пораки



Во Македонската литература, Гане Тодоровски заора бразди, обликува препознатлива и широко прифатлива и трпеливо градена поетика, која стана репер за високите естетски вредности. Уметничките дострели на неговите бројни книги го воздигнаа на пиедесталот на една многустрана поетска големина, која може да се именува како национална гордост. Неговите поетски остварувања претставуваат неодминлива лектира во современата македонска литература. Тие се наша реалност, но и наша препознатлива традиција.“

Академик Гане Тодоровски е роден во Скопје, на 11 мај 1929 година, почина 23 мај 2010.

Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што бил дологодишен професор.

Тодоровски беше првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1997 година и беше член на ДПМ.

Тој е автор на импозантно литературно дело во две магистрални насоки: автентично литературно писмо, кое се остварува во доменот на поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката. Академик Тодоровски е автор на 12 книги поезија, кои секогаш значеле настан во мигот на појавувањето и, истовремено, оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература.

Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна и во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода. Понатаму, овој исклучително плоден поет учествуваше во сите творечки периоди низ кои минуваше македонската поезија, давајќи богат придонес кон нејзиниот развој.

Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на модерната светска поезија на македонски јазик. Неговата дејност на ова поле е ориентирана кон руската поетска школа, англосаксонската, германската, француската, полската и чешката, а кон тоа треба да се додадат и огромен број препеви од литературите на балканскиот книжевен круг.

Еден дел од активностите на поетот литературниот критичар и есеист Тодоровски е сврзан и со историјата. Академик Тодоровски беше пасиониран истражувач на македонскиот 19 век, книжевно-историска област кон која тој целиот свој творечки век беше доследно приврзан. Тој ги толкува делата на нашите претходници не само како документи и сведоштва за минатото, туку и како активни фактори и моделатори на нашиот современ литературен израз и на состојбата на нашата современа национална свест.

Постигнатите научни резултати во областа на македонистиката го вбројуваат академик Гане Тодоровски помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.

Со Литературна активност започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и др. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на литературните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија, а дебитира со документарниот филм Проштевање (1963), како ко-сценарист.

Во 1951 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврати (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971) и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Член е на МАНУ.

Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК, а подоцна е назначен за амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.

Современиците за Гане Тодоровски

За поетското творештво на академик Гане Тодоровски, Веле Смилевски, истакнува: „Гане Тодоровски е поет на непосредноста. Таа непосредност го чини и поетскиот чин сложен, по многу нешта деликатен, зашто станува збор за простор на кој е потребна крајна прецизност во преточувањето на една реалност во друга, од фактичката животна материја во поетска суштина, во песна која треба во себе да содржи, како што вели поетот: „Многу проценти сегашнина,/ Многу промили од едно становито ЈАС“. Дел од песните на на Гане Тодоровски претставуваат своевидни прилози за духовната биографија на поетот, еден од оние осамени патувачи кон брегот во ноќта без интерпункција. Сега, на почетокот на новиот век, од другата страна на времето во кое останаа повеќедецениските длабоки траги на поетот, можеме да констатираме дека генерациите кои допрва ќе доаѓаат ќе имаат можност под едноставниот наслов „Епитаф“ да прочитаат: „Палавев, пиев, пеев/Зборој сеев-ветрој жнеев!/Најбогатник божем некој/цел се раздадов на веков!“

На препејувачката дејност на академик Тодоровски Ефтим Клетников во својата реч под наслов „Во најгорните возвишенија на препејувачката уметност“ подвлече: „Едно е неоспорно јасно: Гане Тодоровски има најголем препејувачки опус кај нас во севкупната историја на македонскиот препев. Но, не само со голем обем, препевот на Гане Тодоровски се одликува и со врвен квалитет, сместувајќи се во најгорните возвишенија на таа уметност. Во што е тајната, магијата на препевот на Тодоровски. Веројатно најмногу во неговата екстатична страст за овој вид творештво во кое безмалку не постои разлика меѓу сопствената, автентична и препеаната песна. Како и двете да бликаат од исти извор. Гане Тодоровски поседува вродена страст за препевот. Нагон за тој вид израз. Но исто така поседува и јасна свест за него како културолошка и хуманистичка визија, како најубав начин за градење на духовни мостови меѓу народите. Гане Тодоровски е еден од тие неуморни градители на такви мостови“.

Творештво

  • Во утрините (поезија, 1951),
  • Тревожни звуци (поезија, 1953),
  • Спокоен чекор (поезија, 1956),
  • Божилак (поезија, 1960),
  • Апотеоза на делникот (поезија, 1964),
  • Претходниците на Мисирков (студии и огледи, 1968),
  • Горчливи голтки непремолк (поезија, 1970),
  • Снеубавен ден (поезија, 1974),
  • Трактати за сонцељубивите (есеи и записи, 1974),
  • Веда Словена (1979),
  • Маѓепсан мегдан (литературни записи, 1979),
  • Скопјани (поезија, 1981),
  • Подалеку од занесот, поблизу до болот (студии, 1983),
  • Со збор кон зборот (студии и критики, 1985),
  • Поход кон Хеликон (студии, 1987),
  • Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987),
  • Неодложни љубопитства (студии, записи и критики, 1987),
  • Недостижна (поезија, 1995),
  • Осамен патник (поезија на англиски, 1996).

Составувач е на антологиите:

  • Песната - храброст (1975),
  • Австриската поезија на ХХ век (1982),

и други, а како коавтор ги приредил антологиите:

  • Словенечки поети (1956),
  • Езерска земја (1967),
  • Правостоина (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968),
  • Нова хрватска поезија (1973),
  • Современа хрватска поезија (1981).

Награди

  • Кочо Рацин,
  • 11 Октомври,
  • 13 Ноември,
  • Браќа Миладиновци,
  • Климент Охридски,
  • Гоце Делчев,
  • Димитар Митрев,

Наградата за книжевен опус на

  • Мисла

Преведувачките награди

  • Григор Прличев,
  • Кирил Пејчиновиќ
  • Златно перо.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.