Среда, 27 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Панчо Комстантинов

1pano Панчо Комстантинов

Панчо Комстантинов (1881 - 1906) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во Илинденското востание во 1903 година. Подоцна станал велешки војвода. Тој не го штедел својт живот и сакал својот реон да го исчисти од четите на српската вооружена пропаганда. Паднал во српската заседа и загинал за време на борбата со четите на војводите Глигор Соколовиќ и Јован Бабунски.

Пантелеј (Панчо, Пано) Константинов е роден на 10 јули 1881 година во градот Велес. Завршил петто одделение во Софиската класична гимназија, по што се запишал на Военото училиште, кое го завршил во 1903 година. По завршувањето на Военото училиште бил распореден како поручник во 13-тиот пешадиски Рилски полк.

Во 1903 година, согледувајќи дека Бугарија нема намера да го помогне престојното востание во Македонија, тој како и многу други Македонци кои биле во бугарската армија ја напуштил војската и се придружил на македонските востаници. За време на Илинденското востание предводел чета од 200 луѓе и водел големи борби со турскиот аскер во Кочанско, на врвот Китка и на Султан Тепе.

По востанието останал во Македонија и продолжил со борбените дејствија против Турците, андартите и српските врховистички чети. Тој бил љубимец на сите четници и на населението.

Во 1905 година, четите на Ѓорѓи Сугарев, Иван Наумов Алабакот, Стефан Димитров и Панчо Константинов во Пореч и Азот, водат серија битки против српските вооружените чети предводени од Јован Бабунски и Глигор Соколов(иќ)

Војводата Стефан Димитров загинал на 5 мај 1905 година над селото Ореше, по изненадниот напад на српската чета предводена од војводата Глигор Соколовиќ. На 20 мај 1905 година во Велес, Убиениот македонски војвода Стефан Димитров, бил заменет со Панчо Константинов.

Панчо како велешки војвода не го штедел својт живот и сакал овој регион да го исчисти од четите на српската вооружена пропаганда. Тој сакал да го подигне Велешкиот на ниво како што бил Битолскиот регион. За таа цел, во текот на 1905 и 1906 година, тој привлекол нови, искусни комити во својата чета, за да може да им се спротистави на српските четници, кои по задушувањето на Илинденското востание, станале многу активни во велешката каза. Неговата чета, во која биле Тодор Дачев и Темелко Наумов, казнила неколку српски шпиони (србомани) и ги зацврстила позициите во повеќе села каде српската пропаганда наишла на плодна почва.

На 19 јуни 1905 година, во селото Степанци, Панчо се борел против српските четници на војводата Глигор Соколовиќ, но се повлекол поради доаѓањето на турските војници. На крајот на јуни 1905 година, војводата Панчо Константинов се здружил со четите на охридскиот војвода Дејан Димитров, прилепската чета на војводата Георги Ацев и кичевскиот војвода Петар Радев – Пашата. На 27 јуни 1905 година веќе се водела битка на Мукос (средишен дел на планината Бабуна) со српските чети на Глигор Соколовиќ и Јован Бабунски, во која војводата Панче Константинов бил ранет.

На 18 април 1906 година, четите на војводите Боби Стојчев и Панчо Константинов биле опколени од турски војници, во манастирот Свети Јован Ветерски (село Ветерско, Велес). Борбата траеше долго, во текот на целиот ден и тие се спасиле со пробивање на обрачот во текот на ноќта. Георги Трајчев кој е македонски револуционер, историчар и публицист, во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за оваа борба ќе забележи:

„На 17 април 1906 година, четите на скопскиот војвода Боби Стојчев и велешкиот Панчо Константинов се прибрани во манастирот св. Јован, крај селото Ветерско, каде игуменот отсуствувал. Уморени од исцрпувачкиот поход, еден дел од четниците се повлекуваат во собите да поспијат, а другите четници оставени да стражарат... Безгрижниот авантурист Боби, презирајќи го стравот од непријателот, поставил стража само внатре во манастирот, без да постави стража по раскрсниците. Сите заспале, само стражарите биле будни и го обиколувале манастирскиот двор. Околу зори четникот Ц. Андрејчев слушнал од надвор разговор на турски и ги проверил стражарите. Се зазорило и се видела турската потера. Андрејчев ги пробудил војводите, кои виделе дека аскерот зазел позиции околу манастирот. Се разбудиле и четниците кои направиле обид да да излезат при што загинал четникот Крстев. Четниците потоа ги зазеле позициите по одаите и манастирските ѕидови. Бројот на башибозукот и потерата, командувани лично од австрискиот жандармериски офицер, постојано растел. Но, непријателските атаци биле одбивани. На предлогот за капитулација, момчињата одговарале со здружен залп.

Целиот ден минал во жесток бој. Момците ја очекувале ноќта и ги штеделе куршумите, а се служеле и со бомби. Приквечер пристигнале и полски топови. Непријателот кој броел околу 3000 души, го стегнал обрачот. Започнал да паѓа дожд и густа магла ја покрила околината. Околу 9 часот вечерта Тодор Дечев со група бомбаши ја отворил манастирската врата и почнале да паѓаат војници, да паѓаат четници. Бомбите внеле паника кај аскерот и нашите се извлекуваат од бојното поле. Околу зори и двете чети се прикриле крај село Новачани. Во неравноправниот бој паднаа Андреј Варналиев, Александар Латовчето, Христо Багеров, а тешко ранети се: Димитар Какачев и Аврам Братлето. Спасените четници ја најшле смртта во кулата на село Лугунци. Тука загина Скопската чета на чело со Бодле (Боби – н.з.) и велешките четници Димитар Стојанов и Кољо Социјалиста. Панчо Константинов со дел од четата се прибрал во градот Велес.“

Неколку месеци потоа, на 25 јуни 1906 година, одредот на војводата Панче Константинов паднал во српската заседа на војводата Глигор Соколовиќ и Јован Бабунски во близина на Куртово камен (Крапа). Во битката кај Куртов камен биле убиени најмалку 17 македонски комити, меѓу кои и војводата Панча Константинов.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.