Среда, 03 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Ристо Кирјазовски

1risto Ристо Кирјазовски

Ристо Кирјазовски (6. I 1927 – 3. X 2002) е македонски историчар, учесник во народноослободителната борба и во граѓанската војна во Грција. Бил учесник во ЕЛАС и во ДАГ (февруари 1943 - август 1949). По поразот на ДАГ преминал во НР Македонија во 1949 година, каде се стекнал со високо образование. Најголемиот дел од својот работен век во Архивот на Македонија (АМ) и Институтот за национална историја (ИНИ) го посветил на истражувањата, во најголем дел фокусиран на поновата историја на Егејска Македонија.

Ристо Кирјазовски  е роден на 6 јануари 1927 година во костурското село Граче, Егејскиот дел на Македонија. Со основно образование се стекнал во родното село, непосредно пред почетокот на Втората светска војна.

Пред да наполни 16 години, Кирјазовски се приклучил на комунистичкиот отпор во Грција. Во февруари 1943 година се приклучил на ЕЛАС (Грчката народноослободителна армија), како доброволец. По договорот од Варкиза (12 март 1945 година) и разоружувањето на ЕЛАС, тој станал член на НОФ (Народноодлободител фронт), која е политичка и воена организација на Македонците во Егејска Македонија и била активна во периодот од 1945 до 1949 година..

Кирјазовски учествувал во битките меѓу НОФ и грчките монархофашистички банди, а по 1946 година, кога НОФ се приклучил на Демократска армија на Грција (ДАГ), станал партизан на ДАГ. За време на Граѓанската војна во Грција, како партизан на ДАГ учествувал во повеќе борби кои се воделе на територијата не само во Егејскиот дел на Македонија, туку и во Тесалија. Се истакнал во битката на Вич планина.

Во 1949 година, по поразот на ДАГ, Кирјазовски преку Албанија преминал во НР Македонија Прво работел како службеник во Ресен и Скопје, а по завршувањето на учителската школа неколку години работел како учител. Во 1959 година се вработил во Архивот на Македонија (АМ), а во 1960 година дипломирал на Филозофскиот факултет - Група историја. По стекнувањето на звањето архивски советник, преминал на работа во ИНИ во јуни 1974 година, Во 1978 година бил избран во звањето стручен советник, а три годинио потоа, во 1981 година, докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на темата „Народноослободителнииот фронт и другите македонски организации во Егејска Македонија 1945–1949“. Наскоро потоа се пензионирал во април 1987 година.

Ристо Кирјазовски  најголемиот дел од својот работен век во Архивот на Македонија (АМ) и Институтот за национална историја (ИНИ) го посветил на истражувањата. Во нив тој се фокусирал во најголем дел на поновата историја на Егејскиот дел на Македонија (1912 - 1949), иако има и публикации кои опфаќаат теми од XIX век. Пибликувал над 150 статии во научни списанија, зборници и весници.

Врз основа на богатата документација на Архивот на Македонија, тој во своите статии  меѓудругото ги обработувал темите: политиката на КПГ кон македонското прашање, целите на НОФ во Егејска Македонија, учеството на Македонците во ДАГ, борбата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за употребата на македонскиот јазик во училиштата и т.н..

Делата на д-р Ристо Кирјазовски се од исклучително значење за историјата на македонскиот народ, особено за историјата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија.

Д-р Ристо Кирјазовски починал на 3 октомври 2002 година во Скопје.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.