Среда, 24 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Богдан Поп Ѓорчев

1dejci Богдан Поп Ѓорчев

Д-р Богдан Поп Ѓорчев (25. V 1904 – 15. I 1945) е македонски лекар, деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО) и жртва на комунистичкиот режим. Завршил медицина во Виена и бил виден лекар во Велес. За време на Втората светска војна, бил околиски лекар, но им помагал на македонските партизани. Тој ги лекувал и криел партизаните од окупаторската власт. Меѓутоа, по ослободувањето на Велес, новите македонски власти го уапсиле и убиле без судење.

Богдан Поп Ѓорчев е роден на 25 мај 1904 година во Велес, Во 1922 година влегол во   Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО), која била создадена како независна организација на ВМРО во март истата година во Загреб од петмина Македонци од вардарска Македонија, студенти на Универзитетот во Загреб, на чело со Иван Бојаџиев од Велес. Инаку, Уставот на ММТРО бил одобрен и потпишан од Тодор Александров, а Организацијата следејќи ги заложбите на своите претци уште од времето на Кресненското и  Илинденското востание се залагала за создавање на самостојна македонска држава.

Потребата на Организацијата од образовани кадри и личната желба Богдан Поп Ѓорчев ќе бидан мотив тој да замине во странство и да го заокружи своето образование. Во 1924 година тој се запишал да студира медицина на Универзитетот во Виена.  По завршувањето на Медицинскиот факултет во 1930 година, започнал да работи како лекар во железницата, а по извесно време  отворил своја приватна ординација.

Богдан Поп Ѓорчев бил видно разочаран од братоубиствената војна помеѓу левицата и десницата во Македонското револуционерно движење. Сепак учествува во демонстрацииѕе прад зградата на управата на Вардарската бановина и со други истомисленици потпишал меморандум за отцепување на Вардарска Македонија од Кралството Југославија.

Меѓудругото, Богдан Поп Ѓорчев бил еден од основачите на списанието „Луч“, чија тенденција била да се зачува македонското население од посрбување.

На 28 октомври 1940 година, во својата куќа Богдан го подготвувал бојкотот на посетата на српскиот патријарх  Гаврил во Велес по повод 100-годишнината на црквата Св. Пантелејмон. Во подготовките на бојкотот покрај него, биле вклучени членови на ВМРО Георги Попандов и Коце Ванов, како и членови на Комунистичката партија Страхил Гигов и Лазе Стојанов – Азања. Со помош на партиската техника на КПЈ за Македонија тие отпечатиле известување до народот и бојкотот бил успешен.

Иако за време на Втората светска војна, бил околиски лекар на бугарските окупациски власти во Македонија, д-р Богдан Поп Ѓорчев им помагал на македонските партизани. Тој ги лекувал и криел партизаните од окупаторската власт. Во септември 1944 година, тој одзел од Германците седум македонски партизани, кои биле дел од Осмата македонска ударна бригада.

Сепак, по заземањето на Велес од страна на македонските партизани на 10 ноември 1944 година,  д-р Богдан Поп Ѓорчев бил уапсен. Поради лажно обвинение дека бил соработник со окупаторот, гестаповец и ванчомихајловист, новите македонски власти наместо благодарност, го измачувале и без судење го убиле.  

40 годишниот лекар д-р Богдан Поп Ѓорчев бил убиен на 15/16 јануари 1945 година за време на Велешкиот масакар, во кој биле убиени 52 македонски дејци членови на ВМРО и ММТРО.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.