Среда, 31 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Ганчо Хаџи Панзов

19010 Ганчо Хаџи Панзов

Ганчо Хаџи Панзов (12. VIII 1900 - 19. XI 1936) е македонски револуционер, учесник во Шпанската граѓанска војна (17.07.1936 – 01.04.1939), поет и новинар. Поради учество во македонското револуционерно движење бил исклучен од Велешката гимназија. Школувањето го продолжил во Скопје, каде што е еден од покренувачите на партискиот весник „Искра“. Емигрирал во Париз и во периодот од 1924 до 1936 г., пишувал поезија на француски јазик и бил соработник на „Македонско дело“ и „Балканска федерација“. Тој е меѓу првите интербригадисти кој загинал во Шпанија.

Ганчо Хаџи Панзов е роден на 12. август 1900 година во Велес, во едно од најбогатите велешки семејства. Уште како ученик се приклучил на македонското револуционерно движење.  Во 1920 година, тој се вклучил во изборната кампања на списоците на Комунистичката партија на Југославија за општински и парламентарни избори. Истата година станал член на литературното и уметничко друштво „Нада“. Откако КПЈ победила во голем број општини во Србија и Македонија, на 29 декември 1920 година била донесена „Обзнаната“ со која била забранета работата на КПЈ. Во текот на 1921 – 1922 година, заедно со други велешки комунисти, го покренал и уредувал нелегалниот партиски весник „Искра“.

Ганчо бил исклучен од Велешката гимназија во 1922 година, поради што школовањето го продолжил во Скопје, во Поштенското-географско училиште. Потоа работел како поштенски службеник и служел воен рок во школата за резервни офицери во Скопје.

Бидејќи постојано бил прогонуван и под полициски надзор, при крај на летото во 1923 година Ганчо Хаџи Панзов илегално преминал во Бугарија за да студира новинарство во Софија. Меѓутоа, работел на пристаништето во Бургас и кон крајот на 1924 година, преку Грција заминал за Париз. Таму бил активен во синдикатот и станал член на Комунистичката партија на Франција. Од 1925 до 1928 година бил секретар на балканската комунистичка група. Исто така, бил активен и во организациите на македонската емиграција, станувајќи член на Македонската народна федерална група и ВМРО (обединета). Во периодот додека престојува во Франција тој пишувал поезија на француски јазик и бил соработник на „Македонско дело“ и „Балканска федерација“.

По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна (17.07.1936 – 01.04.1939), Хаџи Панзов се приклучил на акцијата на Комунистичката партија на Франција за испраќање помош на Шпанската Република. Тој учествувал во илегално префрлување на доброволци кои преку Франција заминувале во Шпанија, за да се борат на страната на Шпанската Република.

На крајот на септември или почетокот на октомври и тој заминал во Интернационалните бригади. По војничката обука се стекнал со чин водник и бил поставен за командир на Балканската чета во состав на батаљонот „Филип Андре“, кој потоа влегува во состав на Првата интернавионална бригада. Бригадата набргу по своето формирање, на почетокот на ноември 1936 била испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде веќе се водела жестока борба против силите на Франко. Првиот напад на франкоистите бил одбиен, но на 18 ноември 1936 година, Ганчо Хагипанзов бил убиен на фронтот во близина на Универзитетскиот град. Во моментот на неговата смрт до него биле неговите соборци Трајко Мишковски - Оскар и Борис Атков, кои поцна и го погребале. Тој бил меѓу првите Македонци жртви во Шпанската граѓанска војна.

Пишувањето текстови на Хаџи Панизов е поврзано со неговиот престој во Париз. Пишувал на француски јазик, а од своето творештво ја зачувал поемата „Ќе се вратам“ и неколку песни „Детството на еден град“, „Сирени“, „Бал на вентилаторите “, „Песна за родниот град“ и „Алказар“. Поемата „Ќе се вратам“, во превод на Кирил Камилов, за првпат е објавена во книгата „На шпанската земја“ од 1961 година, во која се собрани сведоштва на преживеаните Македонци од Шпанската граѓанска војна. Во 1986 година, македонскиот историчар Перо Коробар ја објави монографијата Ганчо Ханипанзов.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.