|
||||
Тодор Радевски |
Тодор Радевски (? - 23.03.2016), познат како Тоде или Тодорче, е македонски патриот, член на ДООМ, ВМРО/ДПМНЕ и член на комитетот Методија Андонов Чентово Гетеборг. Тодор Радевски во седумдесетите години заминува на работа во Шведска, каде останува до крајот на својот живот. Целиот свој живот го посветува на македонската кауза. Тодор Радевски е роден во Кичевското село Велмевци, во семејството на Борис и Менка Радевски. Неговата мајка е внука на легендарниот војвода од Илинденското востание Јордан Пиперката. Уште како мал семејството се преселило во Битола, каде татко му работи како пекар. Тоде завршува основно училиште, а потоа се запишува во средно училиште. Меѓутоа, набрго го напушта незадоволен од тоа што за неговите омилени предмети по историја се шпекулира. Во училиштето се предава изменета историја за македонскиот народ од онаа што му ја раскажувале домашните и од она што го слушал во битолските гостилници и паркови. Тодор Радевски кој израснува во високо и снажно момче за време на летото работи како сезонски работник во ЗИК Пелагонија. На отслужување на воениот рок во ЈНА бил испратен во Белград. Меѓутоа, како Македонец често пати бил изложен на провокации и навреди, на кои остро реагирал. На коментарот дека со неговата висина не е Македонец, тој во строј замавнал со кундакот и го соборил на земја војникот до него кој го провоцирал. Бидејќи немал дадено заклетва, старешините ги принудуваат да се смират со провокаторот, кои потоа биле преместени на друго место. Во слична ситуација Тоде се нашол додека со својот другар по добиениот излез биле во кафеана. Поради разговорот на мешан српско македонски јазик, цивилни личности му дофрлиле на Тоде дека за такви како него се само „бркоњи и брадоњи“. Сфаќајќи дека тие асоцираат на Дража Михајлович, тој им одговорил: „а за вас треба Ванчо Михаилов“, по што настанала жолчна расправија. Воената полиција ги притворила а Тоде бил даден на воен суд, но набрзо бил ослободен со образложение дека од негова страна тоа била одбрана на навредата на мајчиниот македонски јазик кој е признат во Југословенскиот устав. По завршување на воениот рок, Тоде се вратил дома и се пријавил во Заводот за вработување во Битола, каде се води како општ работник. Во 1970 година завршува шест месечен курс за електрозаварувач организиран од Заводот за вработување. Преку оваа институција, заедно со група од електрозаварувачи, заминува на работа во бродоградилиштето Јетаверкен Арендал, во градот Гетеборг, Шветска. На 18 Април 1971 година, на првиот ден на Велигден, Тоде доаѓа во Селма Лагерторг, каде групата имала обезбеден престој и работа. Во слободните денови Тоде го посетувал клубот на Југословенското здружение во Кортедала. Со настаните од земјата се запознава од весникот “Нова Македонија“. Исто така, ги чита и македонските имигрантски весници во Гетеборг. Во бутикот за новини на Кунгспортсплатсен се продаваше македонскиот емигрански весник „Македонска Нација“, кој Тоде стално го имал во рацете и го носел на работа. Бидејќи југословенските агенти го откупуваа весникот за да не им биде достапен на македонските доселеници, Тоде со Владо Арсов често пати пред нив го откупуваа целиот тираж и бесплатно го делеа меѓу Македонците на работните собири. Во летото 1971, македонските работници во Јетаверкен Арендал со помош на предпријатието го основаа фудбалскиот клуб ФК Арендал свецаре. Дресот на клубот бил жолто црвена боја, со што желбата на младите електрозаварувачи беше исполнета. Тоа беше прва македонска организација во Гетеборг. Во 1973 година ФК Арендал светсари стана независен од Јетаверкен и го сменил името во Илинден 1903. На годишното собрание Тоде влезе во управата на клубот. Истата година 1973, на 16 април се основа и Македонската православна црква свети Кирил Методиј во Гетеборг, а Тоде бил присутен на отворањето на црковните простории. По двегодишниот договор со бродоградилиштето Јетоверкен Арендал, Тоде си дал отказ и почнал да работи по струката приватно во различни фирми низ цела Шветска. Во меѓувреме, ФК Илинден 1903 под притисок на пројугословенската пропаганда се подели на две страни. На годишното собрание во јануари 1974 година го сменија името на клубот во ФК Вардар, а дресот станал црно-црвено како Скопскиот клуб Вардар. Во тоа време се создаде македонското културно друштво Гоце Делчев, кое заедно со клубот ФК Вардар беа подчинети под Југословенскиот сојуз кој им даваше економска подршка. Од друга страна клубот Илинден ги изгуби клубските простори и играше надвор од Југословенскиот сојуз, како непризнато спортско друштво. Сепак Шветскиот спортски сојуз му дава економиска подршка на клубот Илинден, а играчите ги чуваа дресовите во Црквата. Тоде како член на управата на клубот Илинден, беше повикан од конзулот Мито Матовски на советување и помирување. Но, на средбата која се одржа на центарот на Гетеборг, наместо помирување дојде до поголема расправија. Тоде ја обвини тогашната македонска влада за повеќе работи: „дека со зурли и тапани го иселува македонскиот народ во Европа, Америка и Австралија; дека во Македонија се продаваат новини од другите Југословенски републики, но Македонскиот весник не се продава во ниту една од тие републики; дека македонскиот народ се труе со туѓа музика и оти нема студио за произведство на плочи со македонска народни песни; дека нема ниту една ефикасна фабрика во Македонија за преработување и конзервирање на овошје и зеленчук, туку истото се праќа во другите републики и преработено се враќа со три пати повисоки цени; дека.. сите пари што македонските работници ги заработувале во стопанството заминувале за Белград; дека во сите главни градови во републиките има изградено тролебуски или трамвајски превозни средства, но во нашиот главен град Скопје превозот се уште се врши со запрежни коли; дека многу улици во Македонија носат имиња на личности од другите републики, додека имињата на македонски личности ги нема надвор од Македонија... По овие обвинувања, конзулот му се заканил на Тоде дека сака да го руши братството и единството и дека ќе види кога ќе се врати во Битола. По поделбата на Македонците за ФК Илинден 1903 и ФК Вардар, Тоде Радески и Владо Арсов како членови на ДООМ го осниваат политичкиот комитет Методија Андонов Чентов во 1975 година. После извесно време од нивните раце заедно со Миле Илиевски член на ДООМ почна да излегува македонскиот политички весник Илинден 1903. Во текот на две години, од 1975 до 1977 година излегоа 9 броеви кои се продаваа на јавно место на Кунгспортсплатсен, во центарот на Гетеборг. Кај Тоде Радевски почнаа да доаѓаат лидерите и раководствата на Македонското движење во иселеништво како Драган Богдановски, Михаил Шариновски, Ристе Ристески и други. Тоа ги превлекува југословенските служби кои почнуваат да вршат притисок против весникот. Поради ова, во просториите на друштвото Гоце Делчев, во 1977 година дојде до употреба на огнено оружје. Радевски Тоде испука неколку куршуми со пиштол на игранката и за среќа никој не настрада. За стореното дело Радевски Тоде одлежа неколку месеци во затвор. Југословенските власти твредеа дека Тоде Радевски соработува со хрватските ехстремисти и со усташите и бараа на Тоде да му се суди во Југославија. Но, шветските судови го одбија барањето со образложение дека на Тоде ќе му се суди таму каде што е извршено кривичното дело. На судењето во шветскиот суд е покажан македонскиот емигрански политички весник Македонска Нација каде што стои дека Тоде Радевски е член на политичката организација ДООМ, која дотогаш немала направено терористичко дело, но дека нејзиниот секретар Шамбевски Благоја е убиен на работното место во хотелот Минхен во западна Германија од непознати убијци. Сепак овие настани ќе влијаат врз весникот Илинден 1903 кој од економски и политички причини ќе престане да се печати. Средствата што комуната ги одели за градење на црковниот објект не беа доволни и затоа се дојде до договор парите од комуната, парите од црковната каса и парите од ФК Илинден да се соберат на едно место. Во месец јануари 1982 година, во местото во Бершен, започна изградбата на црквата, при што македонските иселеници освен со парични средства учествуваа и со добротворна работа. Тоде Радевски, Владо Арсов и други Македонци, ги носеа своите другари од различни националности, од фирмите каде тие работеа да помогнат во изградба на црквата. Во еден работен ден, беа забележани двајца непознати кои ја снимаат изградбата нелегално. Некои почнаат да реагираат и протестираат,но Радевски се поднасмеа и рече: „Оставете ги, сега нека не снимаат како непријатели, некогаш ке не претворат во светци“. Црквата се изгради и на 7-1-1983 година во присуство на многу народ беше осветена. На 21 јуни 1986 година, после богослужба во црквата “св Кирил и Методиј“ во Гетеборг, со дозвола на шветските власти се демострираше против грчките власти кои не ги пуштаа македонските државјани на средба во село Овчарани, во егејскиот дел на Македонија. Демонстрациите кои беа предводени од Владо Арсов,Тоде Радевски, Марко Богоевски и браќата Добрушевски, се одржаа пред грчкиот конзулат, на Брунспаркен во Гетеборг. Овие демонстрации беа први македонски демонстрации од ваков вид во Европа и пошироко. После демонстрациите беше подметнат оган и запалена црквата св Кирил и Методиј во Гетеборг и прегазен во Кавадаречката клисура, поглаварот на македонскиот синод, дедото Ангелари. Црквата која беше целосно изгорена од пожарот, поново се изгради, но сега со поголема квадратура. На 23-3-1991година од 18 до 23 часот во просториите на куќата форум, во населбата Котедрала ,во присуство на преполна сала со гости и политичари, Драган Богдановски, Борис Змејковски, Мане Јаковлески и други се основа првата политичка секција на ВМРО- ДПМНЕ во Гетеборг. Се избра управно тело од осум членови меѓу кои беше и Тоде Радевски. Но поделеноста меѓу македонската емиграција продолжуваше. На 31-3-1991 година на македонскиот фестивал во градот Гиславед, комитетот на ВМРО-ДПМНЕ од Гетеборг присуствуваше и побара од водачите на организацијата на фестивалот да ја претстави програмата на својата партија, но на жалост не доби одобрение. На овај фестивал беше присутно целокупнота управа на ВМРО-ДПМНЕ со Тоде Радевски како и почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски. На 15 мај 1991 година политички настани во Југославија дојдоа до точка на вриење. По убиството на македонскиот војник Сашо Гешовски во Сплит, родителите бараа нивните деца кои беа во ЈНА да се вратат во своите републики. Освен во Македонија се протестираше и во странство. На 18–5-1981 година беа организирани протести на плоштадот во центарот на градот Малме, пред Југословенскиот конзулат. Главен организатор беа Словенците и Хрватите. На повикот на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски, Македонците од цела Шветска да се приклучат на протестите, се одѕва комитетот на ВМРО- ДПМНЕ од Гетеборг. Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ со Тоде Радевски и другите членови, демонстранти и симпатизери на ВМРО се приддружија на протестите, на кои учествуваа неколку илјада демонстранти од сите краеви од Југославија. Во почетокот на месец јуни 1991 година, Драган Богдановски враќајки се од Гетеборг кон својот дом во Селверсбергво, ноќта во 1 часот бил фатен од удбашите, кои прво го претепале, а потоа го однеле осум километри надвор од градот и го фрлиле на едно ѓубриште потурено со хемикалии. Го оставиле таму за да умре, но следното утро случајно бил забележан од еден Швеќанец кој со своето куче минувал покрај буништето. Тој повикал полиција и со итна помош Богдановски бил однесен во болница и спасен од лекарите од сигурна смрт. По десет поминати дена во болница Драган бил пуштен на домашно лекување. Но од безбедносни причини, тој го повикал Тоде Радевски и побарал помош од него. Потоа со кола Драган бил пренесен во Гетеборг, во станот на Тоде, каде физички и психички закрепнал. По враќањето дома Богдановски често комуницирал со Владо Арсов и Тоде Радевски. На 15-1-1991 година на бриселската конференција, Грција и стави вето на Европската унија за не признавање на македонската самосталност и независност. Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за да организира демонстарции против грчката влада во Гетеборг. Се дозвола од полицијата започнаа припремите кои се одвиваа во трпезаријата на македонската црква во Бершен. Плакатите беа припремени и пишувани од Владо Арсов, Тоде Радевски, браќата Ѓорѓиоски Најдо, Миле, Никола, Марко Богоевски и Ленче Боцевска, која имаше завршено специјално школо за пишување на технички броеви и букви. На 17 јули 1991година, владата на Република Македонија во Собранието донесе одлука да се организира референдум за иднината на Репубика Македонија - Дали Македонија ке остане во состав на скратената Југословенска федерација или пак да биди самостојна, независна, суверна македонска држава. - Драган Богдановски се јави до комитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Гетеборг им кажа дека ќе има референдум за иднината на Македонија на 8.9.1991г и дека сите Македонци од Гетеборг, без разлика на политичка и весрска припадност да гласаат за самостојана независна и суверена македонска држава. Притоа им укажа да гласаат само во македонските клубови и црква, но никако во Југословенските клубови, конзулати и амбасади, за да не бидат излажани. По низа опструкции, кои со помош на Арсов и Радевски беа надминати, гласачките ливчиња пристигнаа, а Тоде како член на ВМРО-ДПМНЕ беше избран во комисијата за гласањето во македонската црква во Бершен. Со нивна помош успешно заврши гласањето во Гетеборг и покрај големите опструкции кои се направија за да се спречи гласањето.Сепак победи македонскиот патриотизам за создавање на независна суверена самостална македонска држава. На 15.07.1992 година комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за Гетеборг доби свои простории. За кратко време тие се снабдија со намештај, маси, столици и фотелји, а на денот Илинден имаше свечено отварање на клубските простори. За нормално функционирање на клубот доброволно се донираа парични средства, се додека да се добие економска помош од комуната. Меѓу првите кој донираа средства беше Тоде Радевски кој подари 1000 шветски круни без повраток. Исто така, за време на игранките што се правеа во просториите на клубот Методија Андонов Ченто од страна на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ, Тоде секогаш седеше на местото за наплаќање влезници. Всушност, често пати локалите на здружението беа позајмувани со наплатување на приватни лица, домаќини за правење на свадби и крштавки, а Тоде повеќе пати се грижеше за редот и мирот при прославите. Тоде Радевски беше присутен на одржувањето на првото годишно собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Кортедала Форум на 10 мај 1992 година. Меѓутоа, при годишната лекарска контрола од 10 до 22-10-1992 година, на снимките кај Тоде се најдоа затемнување на дишните органи и црниот дроб. Причина за тоа беше професионално заболување од електричното заварување на прохромскиот материјал. Поради тоа Тоде доби предвремено пензионирање, а со текот на годините, тоа беше заменето со редовна старосна пензија. Од 25-1-1992 година до 16-5-1992 година во Гетеборг, Македонците одржаат 16 демонстрации на Брунспаркен и три надвор од Гетеборг. Трите демонстрации што се одржаат надвор од Гетеборг беа во Брисел пред Европскиот парламент на 2-3-1992 година; во Стокхолм пред шветскиот парламент и грчката амбасада на 15-2- 1992 година: и во Копенхаген, во Данска, пред данскиот парламент и пред кралската куќа на 9-4-1993година Македонските демонстранти пред данскиот парламент и пред кралската куќа му дадоа подршка и солидарност на данскиот министер за надворешни работи Јенсен кој поради бранење на Македонија беше нападнат од европските парламентарци и поради тоа тој си даде оставка. Истовремено на протестот се бараше подршка од данската кралска куќа за признавање на Република Македонија како независна и самостојна држава. Тоде кој сметаше дека тие демонстарции беа порачани од владата на Бранко Црвенковски и Киро Глигоров кој во тоа време во Њујорк го потпишува договорот за промена на името и знамето во Бивша Југословенска Република Македонија не зеде учество и ќе изјави: „Не нарекуваат бугарофили. ВМРО и АСНОМ не се ниту бугарски, српски, грчки или албанскио бележија, тие се чисто македонски историски ознаки од борбите за македонските правдини. Затоа не сакам да излегувам на демонстрации што ги организираат тие.“ Во текот на пет години, меѓу 1993 и 1998 година, веникот Гласот на ВМРО-ДПМНЕ и ѕидни календари доаѓале до комитетот на ВМРО-ДПМНЕ Гетеборг за продажба. Исто така беше добиен и еден пакет со книгата Сто годишнината на ВМРО. За продавање на овие новински гласила секогаш беше ангажиран Тоде Радевски, кој работата ја вршеше на време и коректно. Тоде Радевски беше голем патриот кој си ја сакаше родната држава Македонија. И затоа беше политички многу активен. Од близу 37 партиски состаноци и демонстративни собири за независна и самостојна македонска држава Тоде беше отсутен само пет пати. Тоде почна да осеќа болки во нозете и колената. Повеќе лекарски прегледи беа направени но причината за болките не се откри. Тоде намераваше да се врати во Македонија, во Битола. Неговата замисла не се исполни. Болеста повеќе и повеќе напредуваше и здравјето му го одземаше. Тоде почуствува дека му се ближи крајот и напиша тестамент кој му го предал на Владо Арсов. Во него тој ќе ја напише последната желба дека кога ќе умре сака телото да му биде пренесено во Македонија, во родно село Велмевци, каде „во летниот период јадел топол селски леб со биено сирење и пиел планинска студена вода“. Тоде Радевски почина во утринските часови на 23 март 2016 година. Меѓутоа поради административни пропусти, немање на матичен број во земјата, последната негова желба ќе биде исполнета неколку месеци подоцна. Со помош на Мане Јаковлевски и другите пријатели и истомисленици телото на Радевски ќе биде донесено во Македонија и на 22.11.2016 година во присуство на свештеник и негови истомисленици ќе биде погребан во неговото родно село Велмевци, во прадедовските фамилијарни гробишта со сите македонски религиозни обичаи. Томе Вељановски, Гетеборг-Шведска |