Среда, 21 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
Благој Страчков

1le121 Благој Страчков

Благој Страчков (29. II 1920 – 13. I 1943) е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната војна и народен херој. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ работи на неговото омасовување, а во септември 1942 г. и самиот станал борец на Одредот. Бил именуван за комесар на чета. Учествувал во сите борбени судрувања со бугарската војска и полиција на велешкиот и на тиквешкиот терен. Во судир со бугарската полиција бил фатен и жестоко мачен. Бил жив закопан во касарната во Велес, а потоа откопан и искасапен. Прогласен е за народен херој во 1953 година.

Благој Миланов Страчков е роден на 29 февруари 1920 г. во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основното училиште почнал да бара работа. Работел разни физички работи како кршење камен, копање лозја, садење тутун, носење малтер и др.

Неправдата со која се соочува како работник, ќе го натера Благоја да стапи во работничкото и револуционерното движење. Станал член на синдикатот и учествувал во штрајкови, демонстрации и разни други активности против тогашните власти. Читал марксистичка литература и уште повеќе се ангажирал во синдикалното движење. Неговата активност била забележана и тој станал член на СКОЈ во 1940 година. Кон крајот на истата година станал член и на Кумунистичката Партија на Југославија (КПЈ)

Осум месеци по априлската војна во 1941 година и окупацијата на тогашна Југославија, во декември 1941 година, Благоја бил избран за секретар на Месниот комитет на СКОЈ, а веднаш потоа и за член на Месниот комитет на КПЈ за Велес. Тој работел на организација на оруженото востание во Велес и Велешко. Во текот на зимата 1941/42 година Благоја одржувал контакти со луѓето кои на пролет требале да заминат во партизанскиот одред. Велешкиот одред бил формиран во мај 1942 година,

По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ во септември 1942 година, Благоја работел на неговото омасовување, а откако јавно се изјаснил дека не сака да служи во бугарската војска, во септември 1942 година се илегализирал и станал борец на Одредот. Бил именуван за политички комесар на Втората чета.

Благоја учествувал во сите борбени судрувања на Одредот со бугарската војска и полиција на велешкиот и на тиквешкиот терен. Се истакнувал во борбите, а по селата каде Одредот минувал тој држел говори со кои го повикувал месното население на востание и протерување на окупаторот од земјата. 

Активностите на Одредот ги вознемириле бугарските власти кои во делември 1942 година презеле широки акции за негово разбивање. По судирот со јаки бугарски воени и полициски сили кај селото Војница и осетните загуби при пробивот кон Тиквешијата, Одредот  се разделил. Благоја со група борци имале безуспешен обид да да се префрлат на теренот на Скопска Црна Гора и бил принуден со уште двајца борци да се врати во градот, каде извесно време се криеле. 

Во обид да се спојат со Одредот тргнале накај Росоман каде биле забележани од групам контрачетници. Во судир со бугарската полиција бил фатен и однесен во касарната во Велес. Таму бил жестоко мачен.

На 13 јануари 1943 година, Благој Страчков бил. жив закопан во касарната во Велес, а потоа откопан и искасапен. Неговиот татко ја имал истата судбина во касарната во Велес.

Благој Страчков бил прогласен за народен херој на 11 октомври 1953 година.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.