Среда, 04 Август 2021    PDF Печати Е-пошта
Темко Попов

1bo1

Темко Попов(иќ) (1855 – 1929) е македонски национален деец, член на Тајниот македонски комитет и публицист, а потоа и соработник на српската пропаганда и политика. Тој смета дека „најглавна работа е Македонија да се помакедончи.

Темистокли (Темко) Стефанов Попов или Попович е роден во 1855 година во Охрид. Во родното место завршил основно грчко училиште, а потоа и гимназија во Атина. Таму работел во различни православни агенции, како и во редакции на различни весници. Потоа работел како учител во Одрин, бил домаќин на машката егзархиска гимназија во Битола.

По Српско-бугарската војна во 1885 година, Темко Попов заедно со група македонски дејци како Васил Карајовов, Наум Евров, Коста Групчев, Исаија Мажовски, Ѓорѓија Пулевски и др.,  формираат во Софија Таен македонски комитет за борба против денационализацијата на Македонија.

Прогонети од бугарските власти, но и за да обезбедат поддршка за реализација на својата национална програмам во почетокот на август 1886 година Т. Попов, Н. Евров, К. Групчев и В. Карајовов доаѓаат во Белград. Тие се обраќаат до српската Влада и постигнуваат договор за соработка и помош. Белград го прифаќа барањето за обнова на Охридската архиепископија со своја хиерархија, со свои училишта и учители на македонски јазик (но со српската азбука), како и финансиски да подржи печатење на весник и книшки на тој јазик.

Следната година Темко станал економ во Солунската егзархиска гимназија. Тој ги поттикнувал учениците на солунската гимназија да бараат воведување македонски јазик во наставата. Водач на таканаречените „македонисти“ бил Панто Кондов(ич) од Прилеп. По бунтот, Темко бил прогонет од гимназијата и ги организирал Македонистите да заминат на бесплатно школување во Србија.

На 21 јуни 1887 година Темко Попов ги оформил своите барања: до српскиот конзул во Солун во кои се бара: да се назначат 12 македонски учители по главните градови во Македонија кои ќе предаваат на македонски јазик, да се отвори македонско читалиште во Солун и да се издава еден македонски весник во Солун, а потоа и во Цариград, да се води „неопходната борба“ за „отцепување од Егзархијата и за спогодба со Патријаршијата, односно за решавање на црковно-македонското прашање.

На 9 мај 1888 година му пишал писмо на истакнатиот национален деец, крушевчанецот во Врање Деспот Баџовиќ, во кое меѓудругото вели:

„Нашето наречие, кога можело да диктира на друђите славјански наречиа, останало најсиромашко и, како питач, да спружит р’ка било на блгарското, било на српското, па и дури на руското!... Вистина, нашево наречие, како најсходно со српското, требит од него да црпит оние речи кои ђи немат у речникот си, но к’де ни је нашиот речник, к’де се нашите филолози кои да можеет да се завземеет со овој важен вопрос, т.ј. да ни составеет граматика и друђи најнужни учебници, барем за основните училишта? Немајђи наши филолози, к’де се српските, кои знает нашево наречие и да сочинеет овие елементарни и неопходими книђи со такво научно беспристрастие, штото тамо само да употребеет српски, вместо дополнителни, к’де не может да најдеет мађедонски речи, а не да се водеет од слеп патриотизам и вместо да составеет мађедонски учебници, да сочинеет чисто српски... Да не се лажеме, Деспоте, националнијот дух у Мађедонија до такво дередже денеска је стигнал, штото и сам Исус Христос ако слезит од небоно не может да го уверит Мађедонеца оти тој је б’лгарин или србин.... Затоа ние, драги мој Деспоте, бефме зафатиле уште од лани и дори от олум-лани да препорачаме да се отворет мађедонски училишча... Најглавна работа је Мађедонија да се помађедончит“.

Во 1889 година, четиринаесет години пред објавувањето „За македонцките работи“, тој го напишил текстот за брошурата за политичката ситуација во Македонија „Кој је крив“ на македонски јазик со барање црквата во Македонија „да има узаконено право сама таа да си избира кандидати за митрополити измегју својите сограгјани и еднородци, а Патријаршијата само да ји ракоположује и да је нивни врховен духовен началник без да има власт да ји променује или сосем да ји отфрлја без саканје на народот“, додека „во смесените градој и паланки... на нашите општини да им се даде право да си имаат еден свештеник или архимандрит за изврш уенје црковните обреди на мајчинијот ни јазик“.

Овој значаен ракопис останува необјавен, зашто српската пропаганда не можеше да си дозволи таков луксуз и постепено успеа и Темко Попов да го вклучи за својата кауза.

Темко Попов живее во Цариград во периодот од 1908 – 1909 година каде е српски пратеник во Отоманскиот парламент и го издава весникот Цариградски гласник. Подоцна работи во српската допломатска мисија во Атина каде останува до крајот на Балканските војни. Потоа заминува за Србија и во 1918 година бил назначен за кмет на Охрид. Во 1921 година бил назначен за инспектор на земјоселската служба во Битола каде се и пензионира.

Темко Попов умира во 1929 година во Охрид.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.