Среда, 22 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
Константин Везенков

1vezen121

Константин Везенков

Константин Везенков (1848 – 1878) е револуционер и лекар од Македонија. Брат е на Стојан Везенков, истакнат македонски револуционер, борец за независна Македонија. Дипломирал на Медицинскиот факултет на Московскиот универзитет. Учествувал како доброволец во Руско-турската војна, како командир на коњаничка чета. Во борбите бил тешко ранет. За покажаната храброст бил унапреден во „дворски советник“. За заслугите бил одликуван со ордените „Св. Ана од III  степен со мечеви“, „Св. Станислав од II степен“ и „Св. Владимир од IV степен“.

Константин Везенков е роден во 1848 година во градот Крушево, во семејство со револуционерни традиции. Тој е син на Иван (Јован) Везенков од селото Тресонче, преселен во Крушево поради арнаутските пљачки. Константин е брат на архитектот и македонски револуционер Стојан Везенков. Семејната атмосфера на патриотизам, во која израснал Константин, влијаела врз неговиот понатамошен живот.

Константин учел во егзархиското училиште во Цариград, каде наставата била организирана на модерна основа од свештеникот и писател Партениј Зографски од Дојран. Епископот Партениј го испратил Константин Везенков да студира во Русија. Во писмо од 1 декември 1859 година, Александар Рачински побарал од Алексеј Бахметев државна поддршка за Везенков.

Во 1870 година, Везенков дипломирал на Медицинскиот факултет на Московскиот универзитет. Работел како лекар во градот Вереја, во близина на Москва. Меѓутоа, за време на Руско-турската војна (1877-1878) др Везенков се пријавил како доброволец во руската армија и бил распореден како постар доктор на Третата доброволна дружина и бил член на комисијата за селекција.

Константин Везенков се борел во одредот на генералот Гурко, како командир на коњаничка чета, при што покажал изузетна храброст. Учествувал во битката кај Шипка од 9 до 11 август 1877 година, во која ги водел лесно ранетите. На 25 јануари 1878 година, тој повторно ја повел коњаницата во борба и бил ранет во близина на селото Кадарфаклии, Бургаско (денес Везенково). Во пролетта 1878 година тој бил испратен во Русија, каде што некое време се лекуваше во воената болница во Киев, а подоцна и во Одеса. Д-р Константин Везенков ги поминал последните месеци од животот во градот Феодосија на Крим, каде што починал од смртоносна рана на крајот на 1878 година.

За покажаната храброст Константин Везенков бил унапреден во „дворски советник“, а за заслугите бил одликуван со ордените „Св. Ана од III  степен со мечеви“, „Св. Станислав од II степен“ и „Св. Владимир од IV степен“.

Чешкиот историчар Константин Јуричек, кој ја проучувал малку познатата историја на балканските народи, особено на Србите и Бугарите, а кој бил ангажиран во тоа време од кнежеството Бугарија да им ја напише историјата, го критикувал др Константин Веземков заради неговите „авантуристички“ пројави на македонска етничка свест. Јиричек за воодушевеноста на др Везенков од патриотизмот на Ѓорѓија Пулевски и неговите собрани песни за Филип и Александар Македонски во својот дневник ќе напише:

- „Во Марица деновиве се печати фељтонот на некој К. (без сомнение авантуристот Конст. Везенко) на македонски и други народни песни, пишува дека Министерството за образование во Софија и Дирекцијата за образование во Пловдив не обрнувале внимание за собирање националните споменици, и покрај тоа што има толку многу инспектори... Потоа го пофали ветеранот Пулевски и репродуцираше некои од неговите патриотски стихови, многу глупави: Филип и Александар биле наши браќа славјани, нашите баби славјанки ги родиле.“

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.