Среда, 10 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
Симеон Попконстантинов

1ray121

Симеон Попконстантинов

Симеон Попконстантинов (25. II 1874 – 23. VI 1962) е македонски револуционер, разлошки (мехомиски) војвода на Македонската револуционерна организација. Во гимназија заедно со други ученици организирале Македонско младинско друштво. Учествувал во аферата Мис Стон.  Поснат е под псевдонимот Драгомир

Симеон Попконстантинов е роден на 25 февруари 1874 година во мехомиското село Годлево, Пиринска Македонија. Учел во педагошкото училиште во Сер и во гимназијата во Банско до 1892 година, а потоа завршил на Ќустендилското педагошко училиште во 1895 година. Во Ќустендил учел заедно со своите соселани Димитар Попиванов (иден музичар, основач на Софиската опера и Музичката академија, као и член на Македонскиот научен институт во Бугарија) и Лазар Томов (негов братучед и деец на ВМОРО). Во гимназијата заедно со други ученици организирале Македонско младинско друштво.

По завршувањето на школувањето Симеон учителствувал 33 години во Јакоруда, Бања, Банско, Куклен, Мехомија (Разлог), Радовиш и во други места. Се приклучил на Македонската револуционерна организација како учител во Јакоруда во учебната 1896-1897 година. Го одржува каналот за оружје од село Лаџене до Јакоруда. Учествувал во аферата Мис Стон, по што бил во илегала до ноември 1902 година.

На 5 јануари 1903 година Симеон раководел со група која носела динамит од Рилскиот манастир, користен за атентатот кај Ангиста. За време на Илинденското востание бил селски војвода на четата од Недобарско (од 1912 година Добарско), која со помош на Лазар Томов го прекинала телеграфот меѓу Разлог и Бања. Потоа, на 21-22 септември учествувала во борбите со војската и башибозукот на Лански рид и врвот Аигидик во Годлевскиот дел на Рила.

По Илинденското востание членовите на неговото семејство биле затворани и иселени. На Попконстантинов му било укинато именувањето за учител во Радовиш. Дури во учебната 1905-1906 година тој повторно станал главен учител во Мехомија.

Помеѓу 1905-1906 година Симеон Попконстантинов бил на чело на Окружниот комитет Мехомија на Македонската револуционерна организација. На 27 јуни 1907 година, тој успеал да побегне при обид за апсење и се преселил во Бугарија, каде работел како помлад учител во гимназијата во Батак. Во отсуство тој бил осуден од Солунскиот суд на 15 години затвор.

По Младотурската револуција во 1908 година Симеон добил амнестија и се вратил во Разлог. Станал инспектор на сите училишта во околината. Тој е еден од основачите на Читалиштето „13 септември 1903 година“ и бил претседател на Здружението на окружните учители. Симеон бил избран за делегат на Основачкиот конгрес на Сојузот на бугарските учители во Отоманската империја во Солун.

Симеон учествувал како доброволец во Првата балканска војна. Во 1913 година Симеон Попконстантинов се вратил во Разлог, каде што во 1917-1918 година бил прв директор на гимназијата. Предавал од 1919 година па се до неговото пензионирање во 1928 година.

Симеон Попконстантинов починал на 23 јуни 1962 година во Разлог.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.