Среда, 17 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
Јордан Цеков - Дане

1cek1 Јордан Цеков - Дане

Јордан Цеков - Дане (15. VII 1921 – 20. XI 2019) е македонски комунистички деец, првоборец, воен командант, општественик и публицист. По Априлската војна во 1941 година учествувал во прибирањето оружје и муниција. Бил борец на Вториот јужноморавски НОПО, командир на чета на Кумановскиот НОПО и на Кумановскиот НО баталјон „Јордан Николов“, командант на Единаесеттата македонска НО бригада и на Третата македонска НОУБ. По Ослободувањето ја завршил Вишата офицерска артилериска школа во Ленинград и Вишата воена академија на ЈНА. По пензионирањето во 1956 година, извршувал поголем број општественополитички функции. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Јордан Цеков – Дане е роден на 15 јули 1921 година во Куманово, како трето дете на Денко и Вета Цекови. Во 1938 година станал член на Сојузот на кумунистичката младина на Југославија (СКОЈ). По Априлската војна во 1941 година учествувал во собирање на оружјето кое го отфрлила поразената југословенска војска и работел во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Куманово  во текот на јули и август 1941 година.

Јордан Цеков бил еден од организаторите на  познатиот штрајк на учениците во Кумановската мешана гимназија од 27 до 29 септември 1941 година. Тој е автор и на Резолуцијата од ученици и ученички од на кумановската мешана гимназија од 29 септември во кои се изнесени смелите барања на учениците кои почнуваат со зборовите „Ние синовите на македонскиот народ...“. На 12 октомври од куќата на Цекови било изнесено собраното оружје и однесено на партизаните на Козјачкиот и Карадачкиот народноослободилачки партизански одред (НОПО), кое Јордан го собрал заедно со братот Стојко и Панче Пешев.

Поради неговите активности Јордан Цеков бил уапсен од бугарските окупаторски власти и лежел во затворите цо Куманово и Скопје. Кон крајот на октомври 1941 година, по еден месец изложување на тортура, поради недостиг на докази тој бил ослободен.

Јордан Цеков - Дане, Бојан Зафирофски, Благоја Стефанофски и други се членови на редакцијата на илегалниот „Октобрис“, весникот на Кумановската организација на Комунистичката партија, кој почна да излегува во текот на јули 1942 година. Весникот бил печатен во куќата на Јордан Цеков кој бил технички уредник на шест броја на весникот и во него објавувал свои статии.

Во учебната 1942/1943 година Јордан го завшил своето гимназиско образование, кога и матурирал. Во фебруари 1943 година станал член на КПЈ, во март член на Месниот комитет на КПЈ и во мај 1943 година секретар на Месниот комитет на СКОЈ во Куманово.

На 26 јуни 1943 година, Јордан Цеков, Панче Пешев, Христијан Тодоровски Карпош и други, излегле од градот и станале борци на Вториот јужноморавски партизански одред.  На 2. август 1943 година Цеков бил назначен за командир на чета на Кумановскиот партизански одред, а потоа и на Кумановскиот народноослободителна баталјон „Јордан Николов“. Набрзо станал командант на Единаесеттата македонска народноослободителна бригада и на Третата македонска народноослободителна ударна бригада (НОУБ) од септември 1944 година, по што  добил чинот мајор на 1 декември 1944 година.

По Ослободувањето во 1945 г. Јордан Цеков – Дане ја завршил Вишата офицерска артилериска школа во Ленинград и бил именуван за командант на артилеријата на пешадиска и тенковска дивизија. Кога ја завршил и Вишата воена академија на ЈНА (1951-1953) бил именуван за командант на артилериски полк, а потоа е пензиониран со чин полковник во 1956 година.

По пензионирањето Јордан Цеков – Дане извршувал поголем број општественополитички функции. Бил републички пратеник, раководител на Републичкиот фонд за научна работа (април 1961 - септември 1967), стручен и виш стручен соработник на ИНИ во Скопје (октомври 1967 - октомври 1979).

Јордан Цеков – Дане починал на 20 ноември 2019 година во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941 и други одликувања.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.