Среда, 22 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
Иван Гулев

1leg007 Иван Гулев

Иван Гулев (20. IX 1908 – 13. VI 1967) е македонски револуционер, припадник на ВМРО (Обединета), учесник во Народноослободителното движење (НОД) во Пиринскиот дел на Македонија. Од 1931 до 1935 година бил секретар на Организацијата на ВМРО (Об) во родното место. Во 1936 година бил уапсен и осуден во Процесот против ВМРО (Об). Учествувал во формирањето на Неврокопската партизанска чета во септември 1942 година,  бил политички комесар на Неврокопскиот партизански одред „Анешти Узунов“, член и секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај (по 9. IX 1944).

Иван Гулев е роден на 20 септември 1908 година во Неврокопското село Грмен, Пиринскиот дел на Македонија, во семејството на Стојан Гулев и Велика Христова. Завршил Педагошко училиште во Неврокоп во 1929 година, а потоа работел како учител во македонските села Дебрене и Грмен.

Гулев станал член на ВМРО (Об) и од 1931 до август 1935 година тој бил секретар на Организацијата на ВМРО (Об) во родното место. Во меѓувреме, во 1932 година станал член и на Бугарската работничка партија – комунисти [БРП (к)].

Во август 1935 година, бугарската полиција тргна против ВМРО (обединета) и уапсила многу негови активисти. Во јули 1936 година, во Софија биле судени 20 членови на организацијата, од кои пет во отсуство. Најголем дел од обвинетите се декларираат како „Македонци“ и ја бранеа тезата дека организацијата е национално-ослободителна.

Истата година, поради учество на прослава по повод Илинденското востание, Иван Гулев бил уапсен и осуден во Процесот против ВМРО (Об). Тој бил суден според Законот за заштита на државата и осуден на седум и пол години затвор. Казната ја издржувал во затворите во Неврокоп, Софија и Сливен.

За време на Втората светска војна, по влегувањето на Бугарија на страната на Силите на Оската (Рим-Берлин-Токиот), Иван Гулев бил учесник и организатор на Народноослободителното движење во Неврокоп и Разлог, Пиринскиот дел на Македонија. Учествувал во формирањето на Неврокопската партизанска чета во септември 1942 година.

Од септември 1942 до февруари 1943 година Иван бил илегален заедно со Анешти Узунов. До 15 ноември 1943 година е партизан во партизанскиот одред „Антон Иванов“. Оттогаш до април 1944 година е во партизанскиот одред „Никола Парапунов“. Иван бил и политички комесар на Неврокопскиот партизански одред „Анешти Узунов“. Поради своите активности бил осуден на смрт во отсуство според бугарскиот Закон за заштита на државата.

По 9 септември 1944 година, Иван бил член и секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај. На оваа позиција бил до август 1946 година кога станал началник на државната безбедност во Благоеврград. Меѓутоа, кога 70 % од населението во Пиринска Македонија се запишало како Македонци на пописот истата година, тој ќе биде префрлен со служба подалеку од родниот крај. Од април 1947 година тој бил поставен за началник на Окружното оделение на МВР – Јамбол, каде ќе остане до 1 јануари 1951 година, а потоа бил назначен за началник на Подрачното одделение на МВР во Стара Загора

Иван Гулев починал на 13 јуни 1967 година во Софија, а погребан е во близина на неговото родно место, во градот Гоце Делчев (поранешен Неврокоп, преименуван во 1951 година).

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.