Среда, 05 Јануари 2022    PDF Печати Е-пошта
Лазар Москов

1op121 

Лазар Москов

Казар Москов (1877 – 4.08.1902) е македонски револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација. Војводата е во областа Костур. Негови најблиски соработници таму се Павел Христов, Лазар Киселинчев, Пандо Кљашев и Васил Чекаларов. Опколен од турскиот аскер Москов бил ранет во коленото и се самоубил за да не биде фатен.

Лазар Москов е роден во 1877 година во костурското село Д’мбени, Егејскиот дел на Македонија. Учел во Костурското училиште, Солунската машка гимназија и завршил во Битолската гимназија во 1901 година. Таму се спријателил со Кузман Стефов и Лазар Поптрајков, а веќе наредната година. се приклучил на Македонската револуционерна организација.

Москов се одликувал како искусен и смел народен раководител во Костурско. Тој бил првично началник на чета, а потоа завземал видно место меѓу ракаводителите и организаторите на костурскиот револуционерен реон.

Војводата е во областа Костур. Негови најблиски соработници биле Павел Христов, Лазар Киселинчев, Пандо Кљашев и Васил Чекаларов. Тој се сретнал и со Марко Лерински и Гоце Делчев при нивната инспекција во 1901 година.

На 3 август 1902 година Лазар Москов и Никола Рашајков влегле во Вишени, но биле забележани од стражар кој го чувал даночникот. Утрото на 4 мај селото било блокирано од 3.000 турски аскер и башибозук од Костур, Лерин и Хрупишта. Започнала долга битка со опколените револуционери во куќата на Типо Цулев, кој бил исто така бил добара и предан деец на Македонската револуционерна организација.

Во неможност да ги зароби живи, војската ја запалила населбата и изгорела шест куќи, при што загинале тројца мажи и една жена. Стопанот на кѕќата во кои биле македонските револуционери Типо загинал на почетокот на борбата, а за да не изгорат живи Рашајков и Москов се обиделе да се пробијат низ обрачот, Но при пробивот Рашајков бил застрелан, а Москов бил ранет во коленото.  За да не биде фатен жив Лазар Москов се самоубил.

Пред пробивот, Москов и Рашајков оставиле проштално писмо на бакалска книга, кое подоцна селаните го предале на регионалната чета на Организација. Во писмото во кое се даваат последните наредби на четата, меѓудругото пишува: „Ако умреме, еве што ќе знаете: не умираме од предавство, Кољо виде еден заптија на прозорецот. Ве заветуваме на голема претпазливост. Ако е можно, одредот треба да остане надвор..... Типо го убија Турците зошто ни ја отвори вратата. Напишете во весникот дека не жалиме што умревме од куршумот, но лути сме што не ја постигнавме, не ја завршивме целта - да ја ослободиме татковината. Нека ја достигнат оваа патриотска волја нашите другари. Знајте, другари, дека со нас ништо не е загубено. Храброст, не плашете се, се ќе заврши и ќе блесне слободата, еднаквоста и братството. Храброст, храброст и повторно храброст.... Збогум Македонијо! Збогум другари и роднини! Да живее револуцијата, слободата, еднаквоста и братството.... За правда и за народот Лазар Московски Кољо Рашајков “

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.