Среда, 02 Март 2022    PDF Печати Е-пошта
Никола Џеров

1leg121  Никола Џеров

Никола Џеров (4. IX 1892 –1. XI 1975) е бугарски и македонски поет, прозаист и публицист. Објавува литературни и публицистички прилози во разни списанија и весници во Бугарија под псевдонимите Бојко и Македонец, како и преводи во повеќе антологии од француски, руски и германски поети. Од 1926 до 1928 година бил член на Редакцијата на легалниот орган на ВМРО „Македония“, но по убиството на Александар Протогеров, како револт „поради братоубиствата на Македонците што се разгореа во Бугарија“, ја напуштил Редакцијата.

Никола Георгиев Џеров е роден на 4 септември 1892 година во Софија, во семејство на преселници од Охрид. Тој живеел во бегалскиот софиски квартал Јучбунар и уште како мал го усвоил македонскиот како домашен јазик. Никола завршил гимназија и студии по словенска филологија на Софискиот универзитет, каде станал член на Македонскиот младински сојуз.

Во периодот од 1914 до 1915 година престојувал во градот на неговите родители и пишувал стихови на македонски јазик, а од 1914 до 1917 година, активно учествувал во Академското друштво „Бело Море“. Во зачуваниот ракописен „Беломорски дневник“ (потпишан со псевдонимот Џеронимо) е забележена и песната „Откако те видоф“ што подоцна влегува со други три и во стихозбирката со негови стихови (и на македонски) „Охридска пролет, Спомени“ (1923), а две од нив и во збирката со нотирани македонски песни од Јосиф Чешмеџиев (1926).

Во меѓувоениот период Никола Џеров уредувал различни книжевни списанија како што се „Развигор“, „Книжевен глас“, „Женски весник“ и други, како и публикации од македонската емиграција, Во периодот од 1923 до 1926 година работел како редактор и член на Редакцијата на органот на Македонскиот младешки зговор, преименуван во Сојуз на македонските младешки културно-просветни организации во Бугарија „Устрем“.

Во периодот од 1926 до 1928 година Никола Џеров бил член на Редакцијата на легалниот орган на ВМРО „Македония“, но по убиството на Александар Протогеров, како револт „поради братоубиствата на Македонците што се разгореа во Бугарија“, ја напуштил Редакцијата.

Во неговиот семеен дом, наречен Република или дом на републиканците, често заедавало крилото на протогеровистите. Поради тоа, на 17 октомври 1932 година, во Софија врз него и Григор Петков, бил извршен неуспешен атентат од страна на Михајловистите .

Објавува литературни и публицистички прилози во разни списанија и весници во Бугарија под псевдонимите Бојко и Македонец, како и преводи во повеќе антологии од француски, руски и германски поети. Исто така автор е на стихозбирки и книжевни антологии со преводи на персиска, арапска, јапонска, кинеска и индиска поезија.

Во текот на својот живот Џеров објавил: „Благословията над света“ (1922), стихови; „Охридска пролет. Спомени“ (1923, второ издание – 1925); „На юг. Разкази и спомени из македонския живот“ (1928), разкази и спомени;  „Пролет край езерото“ (1930), стихови;  „Братоубийството. Кървави парадокси. Жестокото разрушение. Стига кръв!“ (1933, под псевдоним Македонец); „Живата легенда на Охрид“ (1934), стихови;  „Далечната земя“ (1938), разкази и спомени; „Гергьовденски люлки“ (1940), стихови.

Никола Георгиев Џеров починал на 1 ноември 1975 година во Софија.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.