Среда, 16 Март 2022    PDF Печати Е-пошта
Александар Амфитеатров

1amfi1 Александар Амфитеатров

Александар Валентинович Амфитеатров (1862 – 1938) е руски писател-романсиер, политички публицист-патописец. Тој е еден од ретките познавачи на Балканот и на Македонија од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ХХ век. Четирипати ја посетил Македонија и издал четири книги за неа и за Балканот. Во неговите балкански статии и интервјуа главен предмет му е македонското прашање. За Македонците пишува дека „не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен славјански народ. Македонци-Бугари има таму, каде што се зацврстила бугарската школа и црква, а Срби има таму, каде што писменоста е во рацете на Србите”.

Александар Валентинович Амфитеатров е роден на 26 декември 1962 година во Калуга, Русија. Иако го завршил Правен факултет во Москва, тој никогаш не се занимавал со правото, туку целиот жовот го минал во патување и шишување. Тој бил и редактор-издавач на весникот „Россия” и на списанието „Современникъ”,

Амфитеатров е автор на бројни дела на различни теми. Пишувал романи, патеписи, како и извештаи за весници, Се дружел со М. Горки, А. Чехов и др Тој е опозиционен автор кој бил читан од интелигенцијата во Русија. Поради својата сатира за руското царско семејство во романот „Господа Обманови” Амфитеатров бил испратен на неколкугодишно заточение во сибирското гратче Минусинск во 1902 година.

Во периодот од 1911 до 1916 година Амфитеатров издал поголем дел од сите двои собрани дела во 37 тома. По Октонвриската револуција во 1917 година, како непожелен за новата власт неговото име паднало во заборав. Незадоволен од режинот во Советскиот сојуз, Амфитетров емигрирал во Италија во 1920 година, каде и починал на 26 февруари 1938 година во Леванто.

Иако А. В. Амфитеатров не е многу познат во Русија, тој е значаен за Македонците. Имено, тој е еден од ретките познавачи на Балканот и на Македонија од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ХХ век. Во овој период тој четирипати ја посетил Македонија, а од своите извештаи подоцна издал четири книги за неа и за Балканот. Во неговите балкански статии и интервјуа главен предмет му е македонското прашање.

А. В. Амфитеатров во Македонците гледа посебен славјански ентитет и за тоа спорел со бугарските, српските и грчките опоненти. Опишувајќи го односот на Грците кон Македонците во почетокот на XX век, Амфитеатроф ќе напише дека „статистиката за Македонија е збунувачка, тенденциозни, фантастични. Па и покрај тоа, дури и според грчки извори, лесно е да се види дека Елините во македонските вилаети се малцинство. А, за да наметнат мнозинство, Грците морале да прибегнат кон безобѕирно фалсификување, запишувајќи ги како свои сите патријаршисти-славенофили. На тој начин Грците го примиле сфаќањето на националноста исто како Турците: вероисповедта е народност. Патријаршист - значи Грк“,

Во „Земјата на раздорот", А. В. Амфитеатров пак ќе напише дека  Македонците „не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен славјански народ, со прост основен јазик што во поголем степен е способен да се потчини на каква-годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена славјанска култура. Македонци-Бугари има таму, каде што се зацврстила бугарската школа и црква, а Срби има таму, каде што писменоста е во рацете на Србите”.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.