Среда, 18 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Крум Тошев

1sed1

Крум Тошев

Крум Тошев (16 II. 1912 - 1976) е македонски славист, македонист и универзитетски професор.  Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и на првиот редалциски совет на Државно книгоиздателство на Македонија. Како професор го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозовски факултет во Скопје. Коавтор е на првиот „Македонски правопис со правописен речник“, како и автор на повеќе учебници и читанки по македонски јазик и литература за основно и средно образование.  

Крум Тошев е роден на 16 февруари 1912 година во Прилеп. Завршил гимназија во Битола, а потоа дипломирал на Филозовскиот факултет во Белград во 1937 година. Работел како професор во Даниловград, Струмица и Слатина.

По оддржувањето на Првото заседание на АСНОМ, во периодот од крајот на ноември до почетокот на декември 1944 година Крум Тошев бил член на првата Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик, која имала задача да го развие и стандардизира македонскиот литературен јазик преку воведување на македонската азбука и македонскиот правопис. И покрај промена на одредени членови, тој учествувал во работата и на дргите две Комисии за воспоставување на македонскиот јазик, азбука и правопис, кои се состанале во пролетта 1945 година.

Истата година, Крум Тошев бил член и на првиот редакциски совет на новооснованото Државно книгоиздателство на Македонија (Ред. К. Тошев и B.Иљоски - Силјан Штркот и Кузман Капидан, народни приказни, 1945 г.). Како професор го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозовски факултет во Скопје, во делември 1946 година. 

За време на Културната автономија во Пиринска Македонија, Крум Тошев држел предавање во Горна Џумаја за македонскиот јазик. Според сеќавањата на негов современик: „кога еден Бугарин поставил едно провокативно прашање во врска со тоа што е Македонец, а што Бугарин? Тошев, не можејќи да се воздржи му одговорил: Знаете, кога некое семе ќе се измелези, нашиот народ вели – се избугари…“

Крум Тошев бил раководител на Одделот за народна книжевност при Институтот за фолклор и прв директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, основан во март 1953 година, како наследник на институтот за фолклор и литература. Тој бил уредник на списанието „Македонски јазик“ и „Литературен збор“.  Списанието „Македонски јазик“  започало да излегува во јануари 1950 година како месечен билтен на Катедрата за македонски јазик при Филозофскиот факултет, а во првиот уреднички состав биле: Блаже Конески, Крум ТошевБожо Видоески и Радмила Угринова - Скаловска.

Блаже Конески и Крум Тошев, како коавтор, го издаваат првиот „Македонски правопис со правописен речник“ во ноември 1950 година во Скопје. Освен тоа, Тошев е автор на повеќе учебници и читанки по македонски јазик и литература за основно и средно образование, како и поголем број научни и стручни трудови за основните карактеристики нав фонолошкиот и граматичкиот систем на македонскиот литературен јазик.

Придонес на Крум Тошев за македонскиот литературен јазик е огромен. За него Блаже Конески ќе напише: Тошев е навистина голем.Тој е во основата на она што го нарекуваме македонистика и во потесна смисла наука за македонскиот јазик.

Крум Тошев  починал во 1976 година во Скопје.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.