Среда, 25 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Тодор Николовски

1ni21 Тодор Николовски

Тодор Николовски  (16. I  1902 - 28. I 1999) е македонски драмски и филмски актер и режисер, еден од основачите на Македонскиот народен театар. Пред Втората светска војна бил актер во Народното позориште во Скопје, а за време на војната до 1944 година во Театарот. Потоа бил учесник во НОВ и е еден од основачите на драмската група „Кочо Рацин“, формирана на слободната територија во Горно Врановци при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во 1947 година настапил на свечаното отварање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Од 1945 до 1974 година бил член на МНТ, каде остварил многу улоги, некои од антологиско значење.

Тодор Николовски  - Тодорче е роден на 16  јануари  1902 година во Велес, во револуционерно семејство. Тој бил дете на комита, илинденец. Од 1909 година живеел во Скопје, а во 1919 година станал член на Народниот театар во Скопје. Најпрво бил сценски работник, а по завршувањето на едногодишниот курс (школа) за актерски кадри ја добил својата прва епизодна улога во пиесата „Потера“.

Појавувањето на Тодорче како глумец на театарската сцена се поклопува со периодот кога се испишува македонската театарска историја. Во 1928 игра во „Бегалка“ од Васил Иљовски, во првата драма од македонски автор и на македонски јазик, а во 1936 година во „Печалбари“ од Антон Панов. До почетокот на Втората светска војна игра уште во “Чорбаџи Теодос” (1937), во “Парите се отепувачка” (1938), во “Милион маченици”(1939) и во “Антица”  (1940).

За време на Втората светска војна Тодор Николовски продолжил да работи во театарот. Во 1943 година на гостувањето на скопскиот театар со пиесата „Печалбари“ во Софија, Тодорче ја толкува улогата на стрико Кољо и во неа тој единствено го говори текстот на македонски јазик,

Во 1944 година Тодорче заминал во партизани, каде се вклучил во партизанската културна-уметничка група „Кочо Рацин“, формирана на слободната територија во Горно Врановци при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Заено со Петре Прличко го основале првиот партизански театар. Во 1945 година за првпат се пројавил и како режисер

По ослободувањето на Македонија целосно се препушта на театарскиот живот. Во 1947 година настапил на свечаното отварање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја.

Тодор Николовски  - Тодорче од 1945 па се до 1974 година кога се пензионирал бил член на МНТ. Во текот на својата кариера остварил многу улоги: Тартиф и Чорбаџи Теодос (во истоимените дела), Манас („Бегалка“), Жика („Сомнително лице“), Поткаљосин („Женидба“), Јусуф („Доходно место“), Актер („На дното“), Велко („Вејка на ветрот“), Гуштанов („Гоце“), Митре („Парите се отепувачка„) и др. Режии: „Народен пратеник“, „Чорбаџи Теодос“ (заедно со Петре Прличко), „Женачка и мажачка“, „Парите се отепувачка“, „Гоце“ (заедно со Димитар Ќостаров). Покрај театарот настапувал и во филмовите: „Мис Стон“, „Мирно лето“, „Мементо“, „Нели ти реков“. Исто така, Тодорче Николовски зад себе има оставено голем број режисерски остварувања низ театарите во Македонија, особено во ансамблите на Турската и Албанската драма и во Драмскиот театар, тогашен Младинско – детски театар,

По повод 45 години континуирана уметничка дејност ја добил наградата за животно дело „11 Октпмври“. На 85 години настапил во јубилејната престава „Чорабаџи Теодос“, по побод пет децении од нејзината праизведна.

Тодор Николовски  починал на  28 јануари 1999 година во Скопје.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.