Среда, 08 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
Наум Евро

1skolo

Наум Евро (почетокот на XIX - крајот на XIX век) е македонист, учител, културно-национален деец, а подоцна и српски пропагандист. Бил против дејноста на новоосноватата Бугарска егзархија во Македонија и бил за обнова на Охридската архиепископија. Учествувал во формиралњето на Тајниот македонски комитет во Софија во 1885 г., кој бугарските власти го оквалификувале како „македонски сепаратизам“, Во 1887 г., заедно со Коста Групчев поднеле Меморандум до Канцеларијата на великиот везир со барање за издавање весник во Цариград „на чисто македонски дијалект“ под името „Македонски лист“. Во 1888 г. подготвил буквар на македонски јазик за училиштата во Македонија, кој останал во ракопис.

Наум Евро или Наум Евров (Јевровиќ) е роден во Струга во првата половина на XIX век. По формирањето на Бугарската егзархија во февруари 1870 година, Евро зазел став против нејзиното делување во Македонија. Во 1872 година станал член на Друштвото „Свети Климент“ во Охрид, а на 5 ноември 1875 година учествувал на еден состанок во Охрид на охридските и струшките првенци за обнова на Охридската архиепископија

Во 1885 година Друштвото било преустановено под името Ученичко просветно друштво „Св. Климент“. Истата година, Наум Евро со членови од охридското друштво и студенти на Софискиот универзитет, меѓу кои Темко Попов, Коста Групчев и Васил Карајовов, го формирале Тајниот македонски комитет во Софија, чија цел била: да се спротивстават на странските пропаганди во Македонија, да се истакне посебноста на македонскиот национален индивидуалитет на Балканот, да се отстрани Егзархијата од Македонија, возобновување на Охридската архиепископија и за воведување на македонски јазик во училишната настава.

Појавата на Тајниот македонски комитет во Софија, бугарските власти го оквалификувале како „македонски сепаратизам“, бидејќи „Македонците одбиваат да се вклучат, и самите и својата татковина, во границите на Бугарија, туку се борат за самостоен културен и политички развој“. Набргу потоа биле уапсени во Софија и по растурањеѕо на комитетот поголем дел од студентите заминале за Белград.

По доаѓањето во Белград, поранешните членови на комитетот Наум Евро, Коста Групче, Темко Попов и Тома Карајовов стапиле во контакт со српската пропаганда и учествувале во создавање на Друштвото Србо-Македонци од Цариград. На тој начин влијалеле во програмските определби на друштвото и меѓудругото било предвидено издавањето на весник на чисто македонски јазик. Во програмата на друштвото стоело дека ќе се залага и за обновување на Охридската архиепископија.

На 26 јули 1887 година, Наум Евро и Коста Групчев, во договор со српскиот пратеник во Цариград Стојан Новаковиќ, поднеле Меморандум до Канцеларијата на великиот везир со барање за издавање весник во Цариград „на чисто македонски дијалект“ под името „Македонски лист“. Во образложението, меѓу другото, навеле: „Би изнел пред широката јавност дека нашата татковина нема ништо општо со Бугарите, ниту пак со другите државици, и затоа би проповедал избегнување и строго предупредување на нивните интриги.“

Исто така, 26 јули 1887 година, заедно со К. Групчев, В. Карајовов и Т. Попов, испратиле Меморандум до дипломатските претставници на големите сили во Цариград против освојувачките стремежи на балканските монархии кон Македонија. Во него меѓудругото се вели: „Оваа состојба не може да има други последици, освен да го држи општиот мир во постојана тревога, а нашата татковина да ја застрашува со катастрофа, -  за да се искорени тоа треба да се искоренат тие илузии на речените државици, а тоа може да го направисамо македонското население, кое треба да му објави на светов дека е исто посебен народ, со посебна историја, нарави и обичаии дека нема ништо општо со околните државици. - Па според тоа никој нема право да претендира на Македонија.И таа им останува на Македонците,“

Во 1888 година, Наум Евро подготвил и буквар на македонски јазик за училиштата во Македонија, но тој останал во ракопис, бидејќи српскиот амбасадор во Цариград Стојан Новаковиќ го прифатил букварот и јазикот на Милојко Веселиновиќ. Исто така, заедно напишале и полемичен спис за книгата на Офејков (А. Шопов) „ La Macеdoine“ во 1887 година, но останал необјавен.

Наум Евро поради болест се вратил во Струга пред 6 Октомври 1888 година. Починал кон крахот на XIX век.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.