Вторник, 30 Ноември 1999    PDF Печати Е-пошта
Божин Проданов

1prod21 Божин Проданов

Божин Проданов (12. XII 1871 - ?) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. По професија бил учител и активен член на Организацијата во Егејскиот дел на Македонија. Во 1907 станал член на Околискиот комитет во Солун. По емигрирањето во Бугарија, во периодот меѓу двете светски војни, Проданов е активен меѓу македонската емиграција. Во јули 1945 година бил избран како советник во раководството на Илинденската организација во Софија и во тој период бил еден од најголемите поддржувачи на НР Македонија во рамките на ФНРЈ. Организацијата го исполнила ветувањето и посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени во Македонија.

Божин ДимитровПроданов е роден на 12 декември 1871 година во солунското село Ватилак. Работел како егзархиски учител во Солун, каде влегува во Македонската револуционерна организација (MRO). Станал член на градскиот комитет на MRO во Солун. Во 1906 година, тoj не бил откриен за време на Матцановата афера, кога отоманските власти откриле писмо со записи за видни дејци на МРО од Солун и околните градови. Од 1907 година бил на чело на Солунскиот окружен комитет.

При избувнувањето на Балканската војна, Проданов доброволно се пријавил во Македонско-одринската ополчение и бил во Здружената партизанска чета на МОО.

Проданов останал верен на заветите на првоапостолите на македонската револуција. По емигрирањето во Бугарија, во периодот меѓу двете светски војни, тој бил активен меѓу македонската прогресивна емиграција. Активно учествувал во политичкиот живот на земјата,  храбро ја бранел македонската кауза и ги штитеше интересите и идеалите на емиграцијата.  Проданов станал член на Работничката партија и бил избран е за пратеник во XXIV редовно народно собрание на изборите во 1938 година од VI Софиски градски совет - Јучбунар, како кандидат на Народниот фронт.

Проданов пишувал статии за македонската револуционерна борба и се обраќал до бугарската и меѓинародната јавност за решавање на македонското прашање.

Во 1938 година, по повод убиството во Баница, бил подготвен весник за Гоце Делчев со документи, важни сведоштва и спомени на луѓе кои го познавале или работеле со него. Во него биле објавени повеќе текстови меѓу кои и текстот „Гоце и народната борба“ од Божин Проданов. Согледувајќи дека во весникот единствено се зборува само за македонска нација и македонски народ, бугарската цензура го забранила за печатење, а единствениот оргинален отпечаток од весникот би спасен од Димитар (Митко) Зафирофски.

По овој повод Божин Проданов во мај 1938 година упатил прашање до министерот за внатрешни работи и народно здравје на Бугарија преку претседателот на XXI редовно (обично) Народно собрание на Бугарија во кое меѓудругото вели:

„Војните, кои во блиското минато им донесоа толку несреќи на сите балкански народи, уште поголеми несреќи им донесоа на синовите на Македонија. Последните, поттикнувани од љубовта кон својата татковина и слободата, поттикнувани од стремежот за подобар живот и спокојство, за да можат спокојно да творат и да придонесат за општочовечката култура, со децении се бореа. Се бореа херојски, упорно. Се дадоа со десетици илјади жртви. Со потоци од крв се освети таа борба. Со десетици светци-херои се издигна таа. Наместо слобода, војните и донесоа на Македонија поголемо ропство. Стотини илјади Македонци беа протерани од нивните родни огништа и прифатени од братскиот бугарски народ.

И покрај страшните доживувања, и покрај исходот толку несакан од синовите на Македонија, последните продолжуваат да ја љубат својата татковина, длабоко да ги почитуваат своите херојски борци од блиското минато, како светиња да ги слават своите херои. Тие бараат и имаат право јавно и слободно да ја изразуваат љубовта кон својата татковина, почитта кон своите херoјски борби, кон народните херои и водачи. Една десетлетна традиција во името на горното им го оставила правото на слобода на здружување, на зборот, на собранието преку кои да можат да се воспитуваат во горниот дух и да го поддржуваат идеалот во името на кој ја пролејаа својата крв нашите браќа, нашите татковци, нашите синови...

Меѓутоа, од извесно време владата ни го одзеде тоа право. На Македонците им е одземено правото да имаат една општа организација претставена од еден Национален комитет, слободно избран на конгресот на братствата. Одземено им е правото на младинска организација, преку која единствено младината би се запознала со нашето славно минато и неговите идеали, би ги запознала и засакала неговите херои, би се напојувала со љубов кон својата татковина. Се забранува секоја печатна активност, дури се забранува традиционалниот лист во чест на Гоце Делчев, се забранува скоро секоја јавна пројава, дури празнувањето на Илинден, животот на одделните братства е под строг карантин.“

Истата година Божин Проданов, Павел Шатев и Туше Деливанов се обраќаат до светската јавност за положбата на македонскиот народ и како треба да се реши македонското прашање, притоа воочувајќи дека по насилен пат Македонците се поделени без да бидат прашани дали сакаат да бидат во владение на оваа или онаа држава“.

Како следбеник на Гоцевата идеја Божин Димитров Проданов во јануар 1940 година со писмо се обраќа и до д-р Влатко Мачек во кое го поздравува потпишувањето на спогодбата од август 1939 година со која треба да се преуреди тогашна Југославија врз база на национална рамноправност и демократска управа. Во писмото Проданов се надева и укажува дека со давањето и спроведувањето во дело на демократски права и слободи за сите народи може да дојде до обединување не само на сите народи во Југославија, туку нивното единство ќе го осигура и процесот на осојузување на сите Балкански народи.

Во јули 1945 година Божин Проданов бил избран како советник во раководството на Илинденската организација во Софија и во тој период бил еден од најголемите поддржувачи на НР Македонија во рамките на ФНРЈ. Организацијата го исполнила ветувањето и посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени во Македонија. Поради својата лојалност кон македонската држава, тој подовцна бил остранет од организацијата.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.