Среда, 03 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Димитар Мирчев (револуционер)

1mirc1

Димитар Мирчев (23. X 1865 – 13. VI 1938) е македонски деец и револуционер,  член на ЦК на ТМОРО. Познат е под псевдонимите Димко, Страшимир, Циан или Цијан. Завршил славјанска филологија на Софискиот универзитет. Учителствувал во Солун, Битола, Трново, Одрин и на др. места. Во 1901 година станал член на ЦК на ТМОРО и во 1903 година бил секретар на Солунскиот конгрес. Бил уапсен и осуден на 101 година и спроведен на заточение на о. Митилена. Амнестиран е во 1904 година. Животот го завршил во Бугарија.

Димитар Мирчев Тошев е роден на 23 октомври 1865 година во Прилеп. Тој е роднина на печатарот Коне Самарџиев. До 5-то одделение учел во Прилеп и во Солунската машка гимназија. По ученичкиот бунт во 1887 - 1888 година се преселил во Белград, каде што завршил гимназија во 1889 година. Од 1889 до 1891 година студирал право во Белград, а во 1892 година дипломирал словенска филологија на Вишата школа во Софија.

Во Софија станал член на Младата македонска книжевна дружина, која во јануари 1892 го објавува првиот број на списанието „Лоза“, по кое целото движење го добива името „Лозари“. Во ова дружина биле Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Матов, Петар Попарсов, Иван Хаџи Николов, Коста Шахов, Ѓорѓи Баласчев, Димитар Мирчев и други.

Во периодот од 1892 до 1896 година, Мирчев предавал во егзархиската Солунска машка гимназија, Потоа, од 1896 до 1902 година, бил учител во Солунската женска гимназија, а  во учебната 1902-1903 година се вратил во машката гимназија. Под влијание на Бугарската егзархија и нејзината пропаганда Мирчев заедно со Иван Гарванов бил меѓу основачите на Бугарското тајно револуционерно братство во 1897 година во Солун. Истото суштествува до 1899 година кога нејзините членови влегуваат во ТМОРО.

Во 1901 година, по Солунската афера, заедно со Иван Гарванов и Спас Мартинов, Мирчев бил избран за член на ЦК на ТМОРО и како таков бил секретар на Солунскиот конгрес на ТМОРО од 1903 година, кога била донесена одлука за кревање на Илинденското востание.

Во април истата година бил уапсен и осуден на 101 година затвор. Тој беше испратен во егзил на островот Лезбос. Амнестиран бил во 1904 година.

По ослободувањето, од 1904 до 1908 година учителствувал во Трново. По Младотурската револуција во 1908 година, тој се вратил во Отоманската империја и станал член на Сојузот на бугарските уставни клубови и бил избран за делегат на нејзиниот Основачки конгрес во Солун. Во 1908-1909 година, по трет пат, работи во Солунската машка гимназија, а потоа во 1909-1910 година е директор на Битолската класична гимназија. Во 1910-1912 година бил директор на Одринската машка гимназија, каде што го затекнува Првата балканска војна. При избувнувањето на војната, Мирчев бил уапсен и протеран во малоазискиот град Измит.

По Балканските војни војната Македонија била поделена на три дела, а Мирчев се населил во Бугарија. Во август 1913 година, соиред одредени автори возобновената Организација, ги испратила дејците Димитар Мирчев и Александар Димитров на преговори со Младотурците за создавање на Револуционерен комитет, чии чети заеднички би се бореле против српската и грчката власт и за формирање на автономна Македонија.

По превратот на 19 мај 1934 година и распуштањето на Националниот комитет, Мирчев го предводеше новиот Привремен македонски национален комитет и беше уредник на неговиот весник „Македонско слово“. Овој весник кој е во рацете на протогеровистичкото крило на Организацијата излегува ве периодот од 1934 до 1936 година. 

Димитар Мирчев починал во Вршец на 13 јуни 1938 година.

Мирчев како воспитаник и учител на бугарската егзархија, но и како човек кој нашол прибежиште и егзистенција во Бугарија бил автор на повеќе учебници по бугарски јазик, литература и граматика, кои биле објавени во периодот 1905 - 1939 година.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.