Среда, 10 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Димитар Поп Ефтимов

1efr1

Димитар Поп Ефтимов (20.10.1890 –25.11.1961) е општественик, учител и новинар, деец на левицата на македонското ослободително движење, член на БКП и КПЈ. Eмигрирал во Бугарија. Работел како учител во Варна и бил претседател на македонско културно-просветно друштво „Гоце Делчев“. По ослободувањето на Македонија, Поп Ефтимов бил еден од четворицата автори на првиот буквар на македонски литературен јазикг издаден во Скопје во 1945 година. Тој бил еден од основачите на Зрдужението на македонските новинари во февруари 1946 година. Но, поради неодобрување на актуелната политика на Белград во Македонија, тој повторно заминал во Бугарија.

Димитар Поп Ефтимов е роден на 20 октомври 1890 година во Ресен. Влегол во Македонската револуциопнерна органзација. Емигрирал во Бугарија и се населил во Варна. Таму работел како учител и бил претседател на Варненското македонско културно-просветно друштво „Гоце Делчев“. Исто така бил и главен редактор на весникот „Македонска правда (1933 - 1934).

Во текот на Втората светска војна, бугарските окипаторски власти го поставиле за училишен инспектор во родниот Ресен. 

По ослободувањето на Македонија, во 1945 година, Поп Ефтимов заедно со Спасе Чучук, Васил Куновски, Јордан Кираџијски и Јонче Јосифовски го пишуваат во Скопје првиот буквар на македонски литературен јазик. Тој бил еден од основачите на Здружението на македонските новинари на 17 февруари 1946 година и бил избран за почесен член.

Се до промената на политиката на Софија, Поп Евтимов сведочи за македонскиот идентитет. Меѓудругото говори дека пред 100 години името „бугарин“ во Македонија не било етничка ознака и дека истото е наметнато со Егзархијата. Како што вели: „Крајна цел на Егзархијата била побугарување на цела Македонија.“, притоа го споделил сведоштвото дека пред еден век, се случувало - „во една иста куќа, таткото се чувствувал чист Хелен (Грк), синот како Бугарин, а чичкото или вујкото - прави Срби“. Тоа значи дека во Македонија, „бугарин“, „грк“ и „србин“ не биле етничка определба, туку црковна или политичка определба.

Во однос на Македонската православна црква, тој меѓудругото ќе напише: „ (Македонската црква) секогаш била со народот во најсреќните, како и во најтешките минути од неговиот живот... Така било во времето на св. Климент, кога црквата и народот претставуваа една целина - еден ум, една душа, едно срце, една волја, кога народот беше црква, а црквата - народот. Така било во времето на Самуил Велики и неколку децении пред него, кога македонското свештенство, за да го спаси народот...создаде нова македонска црква... Така беше и таква остана - прогресивна, бунтовничка, револуционерна македонска црква и во ерата на нашата преродба, кога стана непоткуплива стража, бестрашен знаменосец на борбата за црковно-училишна слобода и еднаквост...

Таква била и таква останала Македонската црква за време на епохалните револуционерни борби на македонскиот народ, предводени од титаните на македонската револуција Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо х. Димов, Даме Груев, Пере Тошев и др. и кога со својата крв ги испишаа најславните страници на македонската револуција. Во овие борби македонскиот свештеник, во едната рака со крстот Господов, со камата и револверот - во другата, ги крстосуваше селата и градовите заедно со најистакнатите апостоли на нашата слобода, проповедајќи ја новата револуционерна религија, крштевајќи во името на новата револуционерна вера и заклетва во неверување во сите други вери кои се спротивставуваат на догмите на новото, вера во неизбежната крвава, но славна револуција.“

Меѓутоа, поради неодобрување на актуелната политика на Белград во Македонија, тој повторно заминал во Бугарија.

Димитар Поп Ефтимов починал во Варна во 1961 година.

1Tihomir Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.