Среда, 17 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Димитар Арнаудов

1kar21

Димитар Арнаудов (1874 - 1938) е македонски револуционер и политичар, член на Македонската револуционерна организација и ВМРО (обединета), познат под псевдоним Отело. За време на Илинденското востание учествувал во саботажи во Серскиот револуционерен округ. По Младотурската револуција во 1908 г., тој е меѓу основачите на Народната федерална партија. Учествувал на Конститутивната конференција на ВМРО (обединета) во Виена. Бил избран за член на ЦК како претставник на Серската група, Живеел и работел во Берлин и Париз, а од 1930 до 1934 г. во Турција, каде што одржувал канал за префрлање на комунистите во СССР. Во 1937/38 г. бил уапсен и убиен од советските власти.

Димитар Сотиров Арнаудов е роден во 1874 година во Неврокопското село Либјахово (од 1951  година Илинден), Пиринскиот дел на Македонија, кое тогаш било во рамките на Отоманската империја. Неговото семејство е по потекло од Јанина. Се занимавал со трговија.

Во 1895 година влегол во Македонската револуционерна организација и е меѓу основачите на револуционерниот комитет во Либјахово. Тој ги обиколувал селата и иницирал поединци да пристапат во Организација. Истовремено вршел курирски задачи и бил пунктов раководител.

Во 1903 година, за време на Илинденското востание учествувал во саботажи во Серскиот револуционерен округ. По востанието во 1905 година бил делегат на Првиот, а во 1907 година на Третиот конгрес на Серски округ.  Во 1907 година станал член на Окружниот комитет на Неврокоп на ВМРО. Тој дејствувал како заменик војвода на неврокопскиот регионален војвода Петар Милев.

По Младотурската револуција во 1908 година, Димитар Арнаудов бил меѓу основачите на Народната федерална партија. Учествувал во одредот на Јане Сандански за време на неговиот марш во Цариград за поддршка на Младотурците.

За време на Првата балканска војна, тој бил на чело на четата која ги поддржувала акциите на сојузничките војски. Учествувал во ослободувањето на Неврокоп заедно со четите на Христо Чернопеев, Пејо Јаворов, Михаил Чаков, Лазар Топалов, Костадин Бојаџиев, Јонко Вапцаров, Александар Бујнов и Т.Петров. На 21 октомври 1912 година заедно со четите на Јане Сандански, Стојо Хаџиев и Георги Казепов ја зазеле Рупелската Клисура, низ која тече реката Струма. По Втората балканска војна до крајот на неговиот мандат во 1919 година бил народен пратеник од Неврокопската област во XVII народно собрание од Демократската партија.

По деветнаесеттиот јунски преврат извршен во ноќта на 8 и 9 јуни 1923 година, кога била срушена владата на Александар Стамболиски, Арнаудов бил прогонуван од новите власти и по Горноџунајските настани на 24 септември 1924 година, заедно со Тего Кујумџиев, емигрирал во Грција, каде бил уапсен и во април 1925 година бил екстрадиран во Југославија.

Во октомври истата година учествувал на Конститутивната конференција на ВМРО (обединета) во Виена, каде бил избран за член на нејзиниот Централен комитет како претставник на Серската група. Од август 1927 година, Арнаудов бил и во Секретаријатот на организацијата.

Димитар Арнаудов живеел и работел во Берлин и Париз, а од 1930 до 1934 година во Турција, каде што одржувал канал за префрлање на комунистите во СССР. Учествувал на помирувачката Цариградска конференција на ВМРО (об.) од 1930 година како претставник на комунистичкото крило.

Во декември 1934 година се населил во Одеса, СССР, а од 1935 година во Ростов на Дон.

Во 1937 година бил уапсен од советските власти и убиен во 1938 година. Рехабилитиран е во 1956 година.

Арнаудов е автор на мемоари за револуционерното движење во Серски округ.

Подготвил: Т. Каранфилов

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.